Грешки кои веројатно ги правите по тренингот

Без оглед на тоа колку време поминувате во теретана, на различни справи за вежбање, нема да имате резултати ако не внимавате на она што го правите по тренингот.

greski-koi-verojatno-gi-pravite-po-treningot-01

Сигурно и вие ги имате овие лоши навики кои ви го спречуваат напредокот...

Не чекате да се оладите

По тренингот почекајте неколку минути додека ви се стабилизира отчукувањето на срцето и крвниот притисок, затоа што на тој начин го намалувате ризикот од повреди. По напорните вежби никако не седнувајте, туку завршете со некоја лесна вежба или шетање на лента.

Заборавате да се истегнете

Истегнувањето ви помага нормално да функционирате наредниот ден, без воспаление на мускулите.

Не јадете ништо по тренингот

Како што пред тренингот храната е ваш двигател, постои храна која може да ви помогне во обновувањето на мускулите по него. Би било совршено ако консумирате комбинација на јаглехидрати и протеини. На пример, јогурт и ореви.

Не се пресоблекувате веднаш по тренингот

Чистата облека по самото завршување на вежбите е задолжително. Не само што имате големи шанси за настинка, туку мократа облека е полна со пот која понатаму предизвикува инфекции на телото.

Се честите со пијалак

Алкохолните пијалаци и коктели по тренингот го забавуваат обновувањето и одморот на мускулите, го дехидрираат вашето тело и го зголемуваат ризикот од болки. Најдобро е да пиете само вода, а алкохолот е дозволен 2 часа по тренингот.

Не се туширате

Не чекајте ни една минута повеќе за да влезете под топол туш. Јадењето и одморот може да почекаат 15 минути, а со тоа го штитите телото од насобраните бактерии и им помагате на мускулите да се опуштат. Секоја лесна масажа под тушот е голем плус.

Не спиете

Сонот е најдобар лек за изморените мускули по тренингот. Зошто? Затоа што баш тогаш телото започнува да се лечи и да ги зајакнува мускулите. А, тоа ви е крајната цел на тренингот.

Би можело да ве интересира:

5 лесни и ефикасни вежби за жени за кои не ви треба опрема (и може да ги правите секаде) Овие вежби се идеални, бидејќи може да ги правите во кое било време. За нив не в...
Како да уживате во одморот без да се вратите здебелени, според фитнес тренер Ако за ручек изедете нешто помрсно, како гиро, за вечера јадете салата и пијте м...
5 јога вежби за ефикасно слабеење Можеби јогата не ви е омилена, но што ако со само 5 вежби и едноставни движења м...
11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
Имаат над 50 години, а изгледаат одлично: Како ја одржуваат формата супермоделите од ’90-тите? Синди Крафорд, Наоми Кемпбел и Кејт Мос имаат над 50 години, но и понатаму изгле...
14 лесни вежби со кои ќе се ослободите од целулитот (видео) За овие вежби ќе ви требаат само 15 минути, а ако ги правите секојдневно, за брз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg