Зошто вреди да пробате јога на вода?
Ако ова лето патиштата ве носат кон морските предели тогаш подгответе се за еден голем предизвик и пробајте јога на вода.
Ако до сега вежбавте јога во природа и во сала, време е да ја повторите и пробате на вода. Изнајмете даска за сурфање и доживејте ја јогата во малку поинаква околина.
1. Вежбањето на вода е подобро
Станува збор за вежбање на платформа која е нестабилна и вие ќе се трудите посилно за да ја одржите својата рамнотежа. На овој начин вежбањето претставува поголем предизвик, а целата ваша вештина ќе се врти околу балансот на телото.
2. Целосно сте насочени кон техниката
Ќе бидете целосно насочени кон техниката, па така на пример доколку ја правите надолу свртени кучешката поза, а не држите правилна рамнотежа вашата платформа ќе ви биде доволно известување.
3. Ефект на спокој и мир
Седењето на даската ќе ви овозможи едно посебно спокојство кое не би можеле да го пронајдете на ниедно друго место. Звукот од водата и вашиот поглед насочен кон бескрајниот хоризонт заедно со мирисот на свежината ви овозможува целосно да го отстраните стресот.
4. Фокус на дишењето
Откога ќе ги направите вежбите јога на вода ќе ги подобрите и совладате сите техники поврзани со дишењето. Дишењето на морскиот воздух и слушањето на водата со сигурност ќе ви помогнат да се опуштите целосно и да се насочите единствено кон вашето дишење.
5. Препуштање
Стоењето на даската ви дава уникатна перспектива од водата и хоризонтот пред вас. Ќе се чувствувате како да сте способни да зачекорите по водната површина. Мислата дека можеби ќе паднете во вода ве држи фокусирани единствено кон позите и на тој начин се ослободувате од стравот и се соединувате со опкружувањето.
6. Позабавно е
Во секоја работа што ја правите мора да вклучите нешто ново за да останете мотивирани и среќни. Така е и со јогата, а на вода ќе добиете една посебна забавна атмосфера погодна за целодневно уживање. Плус, со јогата на вода заштитени сте од секакви сериозни повреди.
7. Доза на страв
Додека ги правите вежбите можеби ќе паднете во водата, но на тој начин се здобивате со поголем адреналин и мотивација за одново да ја направите вежбата, односно позата. Тоа ќе ви биде од голема помош при борбата со секојдневниот стрес во вашиот живот.
8. Ве учи да не се откажувате
Јогата на водата навистина ве учи на важни лекции, а една од тие е да не се откажувате. Колку побрзо се вратите назад на даската откако ќе паднете во вода толку побрзо ќе се спротивставите на сите пречки во животот. Стравот од падовите со тек на времето ќе исчезне, а вие ќе се чувствувате се подобро и подобро.