11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер)

Вежба бр. 6

Кога ќе ја повторите претходната вежба третпат, не се кревајте, туку полека сменете ја положбата - прво погледнете нанапред, а потоа преместете ги рацете напред.

Во оваа положба стапалата треба да ви бидат на ширина на рамената.

Нозете можат да бидат благо свиткани, а рацете и грбот треба да формираат права линија.

11-vezhbi-za-istegnuvanje-za-site-vkochaneti-shto-rabotat-pred-kompjuter-07.jpg

Вежба бр. 7

Клекнете и со рацете и нозете застанете на подот.

Дланките поставете ги во линија под рамената, прстите нека ви бидат широко раздвоени, а колената нека се под карлицата.

Полека издишувајте и во тоа време кревајте го грбот нагоре.

Кога ќе почнете да вдишувате, спуштете го грбот надолу.

Продолжете со оваа вежба во следните 30 секунди.

11-vezhbi-za-istegnuvanje-za-site-vkochaneti-shto-rabotat-pred-kompjuter-08.jpg

Вежба бр. 8

Останете на „сите четири“ и испружете ја левата рака под десната, така што ќе ја ставите легната на подот.

Истегнете ја левата рака колку што е можно нанапред, а со десната туркајте се од подот за да го поткренете телото нагоре (околу 30 секунди).

Додека го правите ова, главата и погледот нека ви бидат свртени кон таванот.

Повторете ја вежбата на другата страна.

11-vezhbi-za-istegnuvanje-za-site-vkochaneti-shto-rabotat-pred-kompjuter-09.jpg

Вежба бр. 9

Повторно вратете се во положба во која рацете и нозете ќе ви бидат на подот.

Испружете ги рацете напред и полека спуштајте ги градите на подот.

Истегнете се околу 40 секунди.

11-vezhbi-za-istegnuvanje-za-site-vkochaneti-shto-rabotat-pred-kompjuter-10.jpg

Вежба бр. 10

Седнете на подот и истегнете ги нозете напред.

Држете го грбот исправен и без да се подгрбавите, полека спуштете го телото над нозете.

Останете во оваа положба околу 1 минута.

11-vezhbi-za-istegnuvanje-za-site-vkochaneti-shto-rabotat-pred-kompjuter-11.jpg

Вежба бр. 11

Седнете на подот, удобно прекрстете ги нозете и кренете ги рацете така што ќе бидат паралелни со подот.

Полека и силно истегнете ги рацете напред, а потоа прегрнете се.

Вратете ги рацете во првобитната положба, а потоа фрлете ги наназад што е можно подалеку.

Повторете ја вежбата уште 3 пати.

11-vezhbi-za-istegnuvanje-za-site-vkochaneti-shto-rabotat-pred-kompjuter-12.jpg

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

14 лесни вежби со кои ќе се ослободите од целулитот (видео) За овие вежби ќе ви требаат само 15 минути, а ако ги правите секојдневно, за брз...
5 јога вежби за ефикасно слабеење Можеби јогата не ви е омилена, но што ако со само 5 вежби и едноставни движења м...
6 вежби кои ќе ви помогнат да се ослободите од салото на грбот и колковите Замислете се во нешто тесно, кратко, секси и мотивирајте се за да вежбате редовн...
5 лесни и ефикасни вежби за жени за кои не ви треба опрема (и може да ги правите секаде) Овие вежби се идеални, бидејќи може да ги правите во кое било време. За нив не в...
Лесни вежби за намалување на болката во грбот по напорниот работен ден Колку често ви се случува да се вратите дома од работа, а грбот да ве боли од се...
Вежби за рамни стапала – ја намалуваат и болката Рамните стапала се релативно честа појава и можат да предизвикаат болка, па преп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg