6 вежби со кои ќе ги отстраните масните наслаги на грбот и ќе ги зајакнете мускулите
Не е доцна да почнете со вежбање, без разлика што сезоната на костими за капење веќе е овде.
Грбот е дел од телото што повеќето го запоставуваат, а и со годините овде полесно се акумулираат масни наслаги.
Кога ќе облечете и градник, овие наслаги можат да бидат уште поизразени.
Со следниве вежби, за краток период ќе се ослободите од нив и ќе ги зајакнете грбните мускули:
Прва вежба
За оваа вежба ќе ви требаат два тега. Ако немате вежбано одамна, не се форсирајте со многу голема тежина, туку постепено зголемувајте ја.
Фатете ги теговите во рацете и застанете со нозете раширени колку колковите.
Навалете се кон напред, така што стомакот ќе ви биде паралелен со подот. Грбот треба да ви биде исправен, а рацете спуштени надолу.
Кренете ги двете раце странично до висина на рамената, па бавно спуштете ги. Направете три сета со по 10 или 15 повторувања.
Втора вежба
Веројатно сте слушнале за вежбата „планк“ која ги активира сите мускули.
Оваа вежба е варијација на „планк“.
Седнете странично како на илустрацијата. Раката на подот треба да ви биде исправена.
Подигнете го целото тело и префрлете ја тежината на стапалата и раката на подот и кренете ја другата рака.
Држете ја положбата 30 секунди, па повторете на другата страна. Направете два сета.
Трета вежба
Ако не можете да издржите долго во положба „планк“, пробајте ја оваа динамична вежба.
Застанете во положба на „планк“, па свиткајте ја едната нога и доближете го коленото што е можно повеќе до градите. Вратете ја ногата во почетната положба, па повторете со другата.
Правете ја вежбата 30 секунди со едната, па 30 секунди со другата нога. Направете два сета.