Депресивна, среќна, расположена за галење – Како да познаете како се чувствува вашата мачка?
Исплашени и гневни
Кога се многу исплашени, мачките го накострешуваат крзното со цел да изгледаат поголемо и да го заплашат противникот.
Опашката им е видно накострешена, а може да биде крената или спуштена. Ушите најчесто им се спуштени надоле и можно е да почнат да испуштаат звук како фучење.
Поздравување
Кога мачката е среќна што ве гледа, ќе почне да се гали од вашите нозе.
Со овој гест таа остава и дел од нејзиниот мирис на вас, односно ве „обележува“ бидејќи ве сака.
Депресивни или болни
Според однесувањето, лесно е да забележите ако вашата мачка е болна или депресивна.
Во овие мигови мачките немаат енергија за ништо, лежат само на едно место и, генерално, изгледаат несреќно.
Ако забележите вакво однесување кај вашата мачка, најдобро однесете ја на ветеринар.
Им студи
Ако на мачката ѝ студи, ќе забележите тресење на нејзиното тело. Исто така, најверојатно ќе седи „склопчено“ и ќе бара потопло место, како до радијатор.
Топло им е
Мачките можат да поднесат високи температури, но ако е премногу топло, ќе бидат летаргични.
Ќе изгледаат уморно, а ако станува збор за екстремно високи температури, можно е да се јави отежнато дишење (како куче), па дури и повраќање.
Спирова С. | Црнобело