Депресивна, среќна, расположена за галење – Како да познаете како се чувствува вашата мачка?
Кога се релаксирани, мачките гледаат во нивните сопственици со позатворени очи, а многу од нив сакаат да спијат на грб кога се чувствуваат безбедно.
За разлика од кучињата, мачките се многу посамостојни и независни животни, но можат да бидат многу експресивни.
Начинот на којшто седат, положбата на нивните уши и нивниот поглед откриваат навистина многу за нивното расположение.
Ако долго време чувате мачка, веројатно веќе ви се познати сите овие знаци. Но, ако сте понов сопственик, може да ви биде тешко да ги распознаете разните расположенија и состојби на вашата мачка.
Па, како изгледаат мачките во разни расположенија?
Релаксирани
Кога се релаксирани, мачките обично гледаат кон нивните сопственици со позатворени очи.
Ако, пак, заспијат на грб откривајќи го стомакот, тоа е знак дека се чувствуваат среќно и безбедно.
Ушите им се во нормална положба, а движењата со опашката се ретки и нежни.
Разиграни
Кога е разиграна, мачката има многу енергија и нормално е да трча. Ако си игра со нешто, погледот ќе ѝ биде фокусиран на тоа, а очите ширум отворени.
Обично во овие ситуации нивните опашки се кренати нагоре, а можно е и да ги движат поинтензивно од вообичаено, особено ако се подготвуваат да скокнат или да го „нападнат“ предметот со којшто си играат.
Анксиозни
Кога мачката не се чувствува безбедно, обично седнува „склопчено“ и изгледа напнато.
Во ваквите моменти мачките неретко знаат да седнат на скришно место, како под кревет.
Расположени за галење
Сигурно лесно ќе забележите кога мачката сака да се гали бидејќи самата ќе дојде кај вас.
Кога се во вакво расположение, мачките неретко притискаат со шепите на мека површина.