Сара од Струга: „Чувам малтезер и германски овчар - како ми изгледа животот со две кучиња дома?“
На една од многуте прошетки, Кимбо најде 2 мали фрлени кученца кои немаа ни месец дена старост. Си ги зедовме дома, им дадов имиња Бак и Барон, ги израснавме во големи момчиња, а потоа ги подарив во две семејства во кои одлично живеат. Тој период можете да замислите кој позитивен хаос беше дома со 4 мали палавковци. Забава 24/7.
Бидејќи е нонстоп во друштво на куче, Кимбо е многу дружељубив и обожава кога го носам да си игра со други кучиња особено како него, активни вучјаци. Многу ми се допаѓа што од почеток го почитува Цезар и кога е уморен го остава да одмори, па потоа продолжуваат со играта.
Играат како браќа, по дома ми е како да имам две мали деца. Што му даваш на едниот мораш и на другиот. Грицки, храна, играчки, внимание.
Го чешлаш Цезар, Кимбо чека и те гледа во очи. Си чека ред. Цезар јаде, Кимбо стои до своето чинивче и го чека својот дел. Не смееш на едниот да дадеш нешто, а на другиот не. Веднаш настанува „кавга“.
Мислам дека многу му недостигаат Бак и Барон зашто често оди до местото каде спиеја и лежи безволно. Кучињата имаат повеќе чувства од нас, луѓето. Сакаат искрено и безусловно. Не знаат за раси и разлики.
Бидејќи за мене Кимбо и Цезар се членови на семејството, нивните родендени се слават соодветно, со торта, балони и гости. Иако оваа постапка е често осудувана во јавноста и владее мислење дека кучето не знае дека има роденден, не би се согласила со тоа.
Кучето обожава кога е центар на внимание, обожава кога се дружи со други кучиња, јадат грицки и играат, па тој ден кучето токму тоа и го добива. Во тие моменти тоа е среќно.
А мислам дека мисијата на секој сопственик е неговото куче да живее среќен живот. Забавите и секојдневните активности на Кимбо и Цезар редовно ги објавувам на Инстаграм, на профилот @kimbothegermanshepherd.
Иако се голема обврска и одговорност, во ниеден момент не сум се покајала за времето и љубовта која ја имам подарено на сите кучиња кои сум ги имала. Покрај овие, хранам и неколку улични кучиња кои секое утро доаѓаат пред врата, им вадам храна и вода, јадат и си одат. Тие ни се придружба кога шетаме.
Да треба да бирам одново, пак би избрала исто. Неизмерната љубов која ја добивам од двајцата со ништо не се менува. Тие ми се верни другари, поддржувачи во сè, минуваме добро и лошо заедно, заедно плачеме и се смееме. Никогаш не сум сама.“
Повеќе фотографии од Сара и нејзините миленици:
© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело