Раси на кучиња кои не лаат многу – совршени за оние кои не сакаат врева
Мопс
Мопс се мали кучиња кои лаат многу ретко. Исто така, не им треба многу физичка активност, па се одлични ако не сте расположени за долги прошетки.
Само, имајте на ум дека овие кучиња се многу дружељубиви и не сакаат да бидат оставени сами на долг период.
Чау чау
Овие слатки кучиња обично лаат само кога сакаат да го предупредат сопственикот за нешто. Многу се мирни, но не се согласуваат најдобро со други миленици.
Чау чау кучињата можат да се адаптираат на мал стан, но само ако редовно ги изнесувате надвор и им овозможите многу физичка активност.
Шар-пеј
Покрај тоа што не лаат, овие кучиња се независни и многу заштитнички настроени кон нивните сопственици, па можат да бидат одлични чувари.
Само, не се многу пријателски настроени кон странци и други животни.
Англиски булдог
Кучињата од оваа раса покажуваат многу љубов, добри се со деца и не прават проблеми ако имате и друго милениче.
Англискиот булдог лае само кога сака да го предупреди сопственикот за нешто.
Добро е што овие кучиња можат да живеат во мал стан бидејќи не им треба многу физичка активност.
Борзои
Овие кучиња лаат кога се многу радосни и возбудени или, како повеќето на листата, кога сакаат да ве предупредат за нешто.
Но, бидејќи станува збор за голема раса, на овие кучиња им треба поголем простор и не се погоди за мали станови. Истовремено, треба редовно да ги носите на прошетка бидејќи им треба повеќе физичка активност.
Спирова С. | Црнобело