Смешни фотографии од диви животни за подобрување на расположението
Птица со лист на лицето, орел кој ја промашува гранката на којашто сакал да застане, мече кое ѕирка зад дрво – ништо не може да ви го подобри расположението како смешни фотки од животни.
Фотографите кои се фокусираат на дивиот свет умеат да направат прекрасни фотки од животните, но одвреме-навреме уловуваат и по некоја комична сцена.
Поради ова, покрај многуте натпревари за фотки од дивиот свет, од 2015 година се одржува и натпревар за комични фотографии од диви животни.
Целта на натпреварот е да се соберат најдобрите и најсмешните фотографии од целиот свет за да ни го подобрат расположението, но и за да се соберат пари за заштита на животните.
Годинава, 10% од партиципацијата што ја уплатиле учесниците ќе одат за Save Wild Orangutans – организација која се залага за заштита на дивите орангутани на островот Борнео.
Главната награда му беше доделена на Кен Џенсен од Англија, за смешната фотка од мајмунче кое се удира на навистина незгодно место. Кен ја крстил фотката „Ouch!“, што може да се преведе како „Уф!“.
„Мајмун фотографиран во Кина – ова е всушност покажување агресија, но поради положбата, изгледа како мајмунот да е во болка од ситуацијата“, гласи описот на фотографот.
Во продолжение победниците од неколкуте категории на натпреварот:
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





