Чудо на природата: Maче родено со четири уши е хит во Турција (фото)
Џанис Досемеџи и нејзиното семејство од Турција одлучиле да го вдомат ова преслатко маченце иако истото е родено со два пара идентични ушиња. Мидас денес е вистинска ѕвезда на социјалните мрежи.
Слаткото 4-месечно меченце Мидас стана хит на социјалните мрежи, поради тоа што е родено со чуден деформитет – има четири ушиња.
Сопствениците на ова слатко маче му направиле Инстаграм профил кој во моментов има над 46.000 следбеници.
Мидас било бездомно маче пред Џанис Досемеџи и нејзиното семејство во Турција да го посвојат и да му дадат топол дом.
Како што појаснува Џанис, пријателка на семејството нашла улична мачка со шест мали мачиња во нивната градина, а Мидас бил меѓу нив, па семејството веднаш одлучило да му даде топол дом.
Според ветеринарите, дополнителниот пар уши на мачето не му помагаат да слуша подобро од другите мачки, но Мидас е во одлична здравствена состојба и ужива да си игра со двата златни ретривери во семејството.
https://www.instagram.com/tv/CV3ssM1oYDB/?utm_source=ig_web_copy_link
Погледнете повеќе фотографии и видеа во продолжение:
https://www.instagram.com/tv/CWSQQ7OomAq/?utm_source=ig_web_copy_link
https://www.instagram.com/tv/CV6GSuqI0ss/?utm_source=ig_web_copy_link
Б. С. Б. | Црнобело