Ветеринар споделува едукативни видеа на ТикТок за помош при грижата за милениците

Грозјето е отровно за кучињата, дебелината им го скратува животот на милениците, а лилјаните можат да предизвикаат проблеми со бубрезите кај мачките.

veterinar-spodeluva-edukativni-videa-na-tiktok-so-soveti-i-trikovi-za-grizha-na-milenici01.jpg

Милениците се слатки и забавни, но грижата за нив може да биде вистински предизвик. Бидејќи самите не можат да кажат кога чувствуваат болка или кога не им се допаѓа нешто, морате сами да обрнувате внимание на промените во нивното однесување.

Исто така, треба да се осигурите дека вашето милениче јаде разновидна храна, дека има доволно активности во текот на денот, но и да знаете која храна и кои растенија можат да бидат штетни за него.

Факт е дека постојат безброј митови за мачките и кучињата и грижата за нив, а некои од нив можат да бидат и опасни. Поради тоа, доктор Хантер Фин решил да почне да споделува корисни совети за сите кои чуваат мачка или куче.

@dr.hunterfinn

##duet with @thegoodhype love to see it

♬ Sure Thing (cover version) - Spinmovin

Хантер е ветеринар кој има 1,9 милиони следбеници на ТикТок, каде што редовно споделува корисни и едукативни видеа за милениците. Целта му е да ги едуцира луѓето за животните, но и да им помогне да ја зајакнат нивната врска со милениците.

Во продолжение погледнете дел од неговите најдобри совети:

1. Немојте да чувате лилјани ако имате мачка. Овие растенија се отровни за нив и можат да им предизвикаат проблеми со бубрезите. Дури и поленот и водата (ако ги чувате во вазна) можат да бидат токсични.

2. Само едно зрно грозје може да биде опасно за вашето куче. Не е точно познато која состојка од грозјето е штетна и некои кучиња немаат проблеми, но кај некои можат да се појават проблеми со бубрезите ако го јадат ова овошје.

3. Најдобро не купувајте играчки со јаже за кучето. Играчката сама по себе не е опасна, но ако кучето го искине јажето, може да голтне некој дел, и тоа е опасно.

4. Веројатно се прашувате зошто мачките и кучињата јадат трева. Постои мислење дека ова е бидејќи се болни или им недостасува некоја хранлива материја. Но, најчесто причината е тоа што тие уживаат во ова.

veterinar-spodeluva-edukativni-videa-na-tiktok-so-soveti-i-trikovi-za-grizha-na-milenici-02.jpg

5. Една човечка година не е седум кучешки. 1-годишно куче може да се каже дека е старо колку 31-годишен човек. Бидејќи нивното стареење „забавува“, за 2-годишно куче може да се каже дека има 49 човечки години. 8-годишно куче, пак, има 64 човечки години.

6. За да им го продолжите животот на милениците, внимавајте на нивната тежина – не треба да бидат дебели.

7. Три знаци дека вашата мачка ве сака: легнува на грб и ви го покажува стомакот, нежно ве каснува, гледа во вас и бавно ги затвора очите.

veterinar-spodeluva-edukativni-videa-na-tiktok-so-soveti-i-trikovi-za-grizha-na-milenici-03.jpg

8. Кога треба да му дадете какво било апче на кучето, ставете го во јагода и дајте му ја да ја изеде.

veterinar-spodeluva-edukativni-videa-na-tiktok-so-soveti-i-trikovi-za-grizha-na-milenici-04.jpg

9. Најтоксичните намирници што кучињата никогаш не смеат да ги јадат – алкохол, кромид, чоколадо и грозје.

Уште 8 совети на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Совети за нови родители со кучиња: Што да направите кога ќе добиете бебе? Ако пак мислите дека кучето ќе има пократки и поретки прошетки откако ќе пристиг...
Што да правите ако кучето ви уништува сè низ домот? Купете му играчки што може да ги гризе и смирено одвлечете му го вниманието кога...
Смешна фото-компилација: Ситуации што им се познати на сите кои чуваат мачка Скршена вазна, истурена корпа за ѓубре… Ако имате мачка, сигурно ќе се пронајдет...
Фотографии кои покажуваат дека животните ја чувствуваат нашата љубов Колку што ние си ги сакаме мачките и кучињата што ги чуваме дома, толку и тие нè...
Раси на кучиња кои можат да бидат погодни за луѓе со алергии Секое куче може да предизвика симптоми на алергија, но постојат раси чие крзно н...
Предмети за мачки и кучиња на кои повеќето штедат, но не треба Гребалка за мачка и преносен сад за вода за топлите летни денови – кои предмети ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg