Ветеринар споделува едукативни видеа на ТикТок за помош при грижата за милениците

10. Ако се прашувате зошто кучињата си ги душкаат задниците, има причина за тоа. Нивните анални жлезди лачат мирис кој е специфичен за нив. Овој мирис, на некој начин, им дава информации за другото куче и им помага да одлучат како треба да се однесуваат со него.

11. Значи дека на вашата мачка ѝ е здодевно и ѝ треба повеќе играње и внимание: агресивна е кон другите миленици, врши нужда надвор од нејзиниот песок, ја уништува покуќнината, многу често се чисти, спие повеќе, се прејадува.

12. Ако вашето куче постојано си ги лиже шепите, повеќе од вообичаено, однесете го на ветеринар. Голема е веројатноста да има проблем со некаква алергија.

veterinar-spodeluva-edukativni-videa-na-tiktok-so-soveti-i-trikovi-za-grizha-na-milenici-05.jpg

13. Добро би било да му ги миете забите на кучето на секои три дена. Осигурете се дека добро ќе ги четкате неговите катници бидејќи обично ја џвака храната со нив.

14. Ако вашето милениче го касне пчела, отстранете ја боцката, но немојте да користите пинцета. Потоа нанесете паста од сода бикарбона и вода на убодот. Веднаш јавете му се на вашиот ветеринар.

15. Знаци дека вашето куче има алергија на некоја храна – гасови и дијареја, чешање, повраќање, летаргија.

veterinar-spodeluva-edukativni-videa-na-tiktok-so-soveti-i-trikovi-za-grizha-na-milenici-06.jpg

16. За да го намалите митарењето на вашето куче, редовно чешлајте му го крзното.

17. Ако мачката и кучето постојано се чешаат, најверојатно имаат алергија (на трева, полен или храна), имаат бактериска/габична инфекција или поради прашинските грини во домот.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Совети за нови родители со кучиња: Што да направите кога ќе добиете бебе? Ако пак мислите дека кучето ќе има пократки и поретки прошетки откако ќе пристиг...
Што да правите ако кучето ви уништува сè низ домот? Купете му играчки што може да ги гризе и смирено одвлечете му го вниманието кога...
Смешна фото-компилација: Ситуации што им се познати на сите кои чуваат мачка Скршена вазна, истурена корпа за ѓубре… Ако имате мачка, сигурно ќе се пронајдет...
Фотографии кои покажуваат дека животните ја чувствуваат нашата љубов Колку што ние си ги сакаме мачките и кучињата што ги чуваме дома, толку и тие нè...
Раси на кучиња кои можат да бидат погодни за луѓе со алергии Секое куче може да предизвика симптоми на алергија, но постојат раси чие крзно н...
Предмети за мачки и кучиња на кои повеќето штедат, но не треба Гребалка за мачка и преносен сад за вода за топлите летни денови – кои предмети ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg