Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Во која просторија од домот кучињата се чувствуваат најнепријатно?

Иако не е лесно кучето да го оставите само дома, понекогаш е неизбежно поради обврските.

vo-koja-soba-od-domot-kucinjata-se-cuvstvuvaat-najneprijatno-01.jpg

Секое одвојување од него не е најпријатно, па дури понекогаш е и трауматично искуство, на кое треба да му пристапите внимателно.

Колку пријатно или непријатно ќе се чувствува кучето кое го оставате само дома, во голема мера зависи и од просторијата во која го затворате.

Се смета дека кучиња најнепријатно се чувствуваат кога ќе ги затворите во спалната соба, додека најпријатно им е во кујната/трпезаријата или дневната соба.

vo-koja-soba-od-domot-kucinjata-se-cuvstvuvaat-najneprijatno-02.jpg

Објаснувањето е дека просториите како кујна, трпезарија и дневна соба, кучињата ги поврзуваат со пријатни моменти – јадењето на оброците, мазењето со гостите...

Од друга страна, се чувствуваат збунето кога се оставени во спалната соба, бидејќи се свесни дека таму сопственикот само спие и активностите им се ограничени. Веројатно во спалната соба нема играчки, храна и слично, па ако го затворите кучето само, нема да биде воопшто среќно.

vo-koja-soba-od-domot-kucinjata-se-cuvstvuvaat-najneprijatno-03.jpg

Што значи, ако треба да го оставите кучето само, а не сакате да се движи низ целиот дом, оставете го во дневната, кујната или трпезаријата. Истовремено, не заборавајте да му оставите доволно храна и вода, како и играчки. Ако излегувате навечер, оставете ги и светилките вклучени, а некои експерти препорачуваат да го вклучите и телевизорот. 

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кучињата растат пребрзо: Забавни пред и потоа споредби од миленици Дали и вие некогаш сте имале искуство да земете мало слатко кученце, кое потоа з...
Што да правите ако кучето ви уништува сè низ домот? Купете му играчки што може да ги гризе и смирено одвлечете му го вниманието кога...
Змија со две глави и уште 11 животни кои изгледаат нереално поради генетски мутации (фото) Сте виделе ли германски овчар со џуџест раст или маче со два носа? Сте виделе...
18 фото-докази дека животот без мачки би бил здодевен „Насадив цвеќе и намерно ја покрив саксијата за мачката да не го уништи, ама, из...
Предмети за мачки и кучиња на кои повеќето штедат, но не треба Гребалка за мачка и преносен сад за вода за топлите летни денови – кои предмети ...
Раси на кучиња кои можат да бидат погодни за луѓе со алергии Секое куче може да предизвика симптоми на алергија, но постојат раси чие крзно н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg