Слатка глетка во парк во Бостон: Татко лебед се грижи за своите малечки откако мајката починала (фото+видео)
Во градскиот парк во Бостон познат како Charles River Esplanade, се родиле неколку лебеди чија мајка починала. Но, нивниот татко ги освои срцата на јавноста со грижата што ја покажува за своите малечки.
Наводно, парот лебеди им бил добро познат на локалните жители и сите биле пресреќни кога дознале дека имаат и малечки.
„На почетокот од април забележавме дека почнаа да прават гнездо. Набрзо потоа видовме дека женката снесе јајца. До почетокот на мај имаше вкупно осум јајца, кои набрзо почнаа да се изведуваат“, открива Ема Финеј која работи во паркот.
Но кратко откако се родиле малечките, вработените почнале да забележуваат проблеми кај женката.
„Одделот за грижа на животни доби повик од личност која беше загрижена за здравјето на женката. Главата постојано ѝ билa наведната и не можела да застане. За жал, додека одговорните да стигнат на местото, женката почина“, додава Ема.
Ема вели дека многу локални жители секојдневно ги посетувале лебедите, па не останале рамнодушни на смртта на мајката. Но, таткото на малечките решил да ја преземе целата грижа за нив, па на социјалните мрежи почнаа да се објавуваат слатки видеа и фотографии од нив.
Papa Swan carrying his babies on his back 🥺❤️ @wbz @EsplanadeBoston pic.twitter.com/SqEQkKkV9s
-->— Anna Meiler (@AnnaMeiler) June 4, 2021
Нa објавите можете да видите како таткото ги носи малечките на грб, плива заедно со нив и ги заштитува под неговите крилја.
„Изгледа дека им е добро. Можете да ги забележите како пливаат заедно, а некои малечки стојат на грбот на таткото. Некогаш им се доближуваат и патки, а тогаш можете да видите како таткото ги заштитува малечките. Јасно е дека тој е прекрасен татко. Преслатки се“, вели Ема.
Спирова С. | Црнобело / Фото: Инстаграм, Твитер