Млад инженер скија, лета со падобран и оди на авантури со неговиот мачор – му направил и шлем (фото)
Младиот инженер Реми и неговиот мачор Катод редовно одат на авантури и заедно уживаат во екстремните спортови. Овој мачор со авантуристички дух си има и свој шлем за деновите кога се возат со мотор.
Ако некогаш сте возеле мачка во автомобил, тогаш ви е добро познато дека обично овие животни воопшто не го сакаат тоа. Повеќето од оние кои чуваат мачки избегнуваат да ги разнесуваат со автомобил, а уште помалку со велосипед или мотор.
Но Катод е многу поразличен мачор – тој не само што ужива во возењето со велосипед или мотор, туку редовно оди и на авантури со неговиот сопственик Реми.
Реми од Франција е млад инженер кој го вдомил Катод пред шест години. Долго време сакал милениче, па отишол во засолниште, а Катод веднаш почнал да се гали и да си игра со него. На некој начин, тој го одбрал својот нов сопственик.
На почетокот Реми го чувал Катод само дома и иако мачорот бил среќен, на младиот инженер не му се допаѓало што е постојано затворен. Бидејќи и тој самиот ужива во природата, решил да му го овозможи тоа и на мачорот.
Најпрво почнал да го шета Катод околу неговиот дом држејќи го во раце, за да не се исплаши. Но, набрзо сфатил дека Катод не само што не се плаши, туку и навистина ужива во прошетките. Со текот на времето почнал и да го вози Катод со неговиот велосипед и со неговиот мотор, и му станало јасно дека на мачорот му се допаѓа тоа.
Реми и неговиот пријател почнале и заедно да скијаат, да летаат со падобран и да откриваат нови места и авантури.
Сакајќи да го направи целото искуство за мачорот што е можно подобро, Реми го искористил неговото знаење од областа на инженерството, па на Катод му направил и мал шлем. Најпрво направил модел од хартија, а финалната верзија ја испечатил со 3Д печатач.
Досега Реми има направено неколку шлемови за мачорот, дури и еден инспириран од популарниот суперхерој Ајрон Мен.
Реми и Катод ќе продолжат да трагаат по нови авантури, а младиот инженер е особено среќен што има ваков пријател.