Дали плачат, зошто им е влажен носот – ветеринари одговараат на најчестите прашања за кучињата миленици

Ако имате миленик куче или планирате да вдомите, сигурно имате и стотици прашања поврзани со него. Зошто му е влажен носот, дали можете да му давате живо месо, дали некои раси се поагресивни – сето ова се прашања што си ги поставуваат сите љубители на кучињата.

dali-plachat-zoshto-im-e-vlazhen-nosot-veterinari-odgovaraat-na-najchestite-prashanja-za-kuchinjata-milenici-01.jpg

Бидејќи постојат многу митови и заблуди за овие миленици, за Insider, неколку ветеринари решиле да ги одговорат најчестите прашања за кучињата и нивното чување.

Вo продолжение погледнете ги одговорите:

Зошто носот на кучињата е влажен?

Според ветеринарот Витни Милер, постојат неколку причини за ова:

„Главната причина за влажниот нос на кучињата е тоа што тој лачи мукус кој е од корист за нивното сетило за мирис. Но исто така, кучињата се потат од носот, а и доста често си го лижат за да го исчистат“.

Постои верување дека ако носот на кучето е сув, тогаш тоа е болно. Според Витни, ова не секогаш е точно и ако сте загрижени дека кучето е болно, најдобро однесете го на ветеринар.

dali-plachat-zoshto-im-e-vlazhen-nosot-veterinari-odgovaraat-na-najchestite-prashanja-za-kuchinjata-milenici-02.jpg

Дали некои раси, како питбул, се поагресивни?

Според ветеринарот Роберт Котон, невозможно е да го одредите карактерот на кучето само од неговата раса.

„Ниту една раса не е природно агресивна и не треба да се категоризира како таква. Некои раси можат да бидат потврдоглави кога станува збор за дресирање. Но, и тие кучиња можат да бидат одлични миленици ако имаат добри и посветени сопственици“.

Сепак, Роберт нагласува дека треба да знаете повеќе за расата на вашето куче ако се обидувате да го дресирате.

dali-plachat-zoshto-im-e-vlazhen-nosot-veterinari-odgovaraat-na-najchestite-prashanja-za-kuchinjata-milenici-03.jpg

Дали стерилизирањето го менува карактерот на кучињата?

Ова е доста популарен мит, но според ветеринарот Џејми Ричардсон, нема промени во карактерот на кучињата откако ќе ги стерилизирате.

„Нема научен доказ кој потврдува дека стерилизацијата ќе го направи кучето поживо или мрзливо, или дека ќе му го промени карактерот“.

Тој вели дека единствената разлика е тоа што машките кучиња најверојатно ќе престанат да си одбележуваат територија и помалку ќе скитаат.

dali-plachat-zoshto-im-e-vlazhen-nosot-veterinari-odgovaraat-na-najchestite-prashanja-za-kuchinjata-milenici-04.jpg

Дали е во ред да му давате само сува храна на кучето?

Џејми Ричардсон вели дека сувата храна може да биде исто добра и хранлива како и храната од конзерва.

„Сосема во ред е да му давате само сува храна на кучето, сè додека таа ги исполнува неговите потреби, во зависност од возраста, физичката активност и неговото здравје“.

Ако се двоумите која храна е најдобра за вашето куче, ветеринарот ќе ви помогне да го направите вистинскиот избор.

dali-plachat-zoshto-im-e-vlazhen-nosot-veterinari-odgovaraat-na-najchestite-prashanja-za-kuchinjata-milenici-05.jpg

Дали помалите раси лаат повеќе од поголемите?

Помалите раси ги бие глас дека се погласни и дека лаат повеќе, а изгледа има некоја вистина во ова.

„Повеќето раси се размножуваат и одгледуваат за одредена работа, а некогаш таа работа бара да бидат погласни“, вели ветеринарот Гери Ричер.

Според Гери, голем дел од помалите раси првично биле одгледувани како чувари, па затоа и треба да бидат погласни. Што значи, пред да вдомите куче, добро истражете за неговата раса ако сметате дека ќе ви пречи лаењето.

dali-plachat-zoshto-im-e-vlazhen-nosot-veterinari-odgovaraat-na-najchestite-prashanja-za-kuchinjata-milenici-06.jpg

Дали некои раси се попријателски настроени од други?

За некои кучиња е добро познато дека се многу пријателски настроени, но според експертите, секое куче од која било раса може да биде одличен миленик со правилна грижа и дресирање.

„Кога се размножувале некои раси, се обрнувало внимание на тоа да бидат полојални. Но сепак, секоја раса може да биде одличен миленик со добра грижа од сопствениците“, вели ветеринарот Витни Милер.

Што значи, некои раси можеби се полојални, па добро истражете пред да вдомите куче.

dali-plachat-zoshto-im-e-vlazhen-nosot-veterinari-odgovaraat-na-najchestite-prashanja-za-kuchinjata-milenici-07.jpg

Дали е безбедно му давате живо месо на кучето?

Ветеринарот Џејми Ричардсон советува да избегнувате да му давате живо свинско, телешко или пилешко на вашето куче.

„И покрај тоа што хранењето со живо место станува популарно, нема научен доказ дека оваа исхрана е поздрава. Всушност, некои истражувања го покажуваат спротивното – овој начин на исхрана може да предизвика недостаток од хранливи материи и бактериски инфекции“.

dali-plachat-zoshto-im-e-vlazhen-nosot-veterinari-odgovaraat-na-najchestite-prashanja-za-kuchinjata-milenici-08.jpg

Дали кучињата плачат кога се тажни

Ако видите солзи на очите на вашето куче, не грижете се бидејќи тие дефинитивно не значат дека е тажно.

„Кучињата ја немаат способноста да плачат како луѓето кога се соочени со емотивен стрес. Но, кучињата имаат солзни жлезди како луѓето и можат да им течат солзи поради алергија, некоја честичка во окото или други проблеми со очите“, вели Роберт Котон.

Ако забележите солзи кај вашето куче, најдобро е да се консултирате со ветеринар за да ја откриете причината за тоа.

dali-plachat-zoshto-im-e-vlazhen-nosot-veterinari-odgovaraat-na-najchestite-prashanja-za-kuchinjata-milenici-09.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дресер на кучиња открива кои раси никогаш не би ги вдомил – Непријатно мирисаат и не се пријателски ... „Мрсната кожа ги прави да мирисаат лошо, без разлика колку често се капат. Од ми...
Македонка вдоми еж на ранчот во с. Ранковце: „На Велигден се родија 6 ежиња“ „Во куќата имам маче кое го вдомив пред околу 2 недели откако го најдов напуштен...
Што да правите ако кучето ви уништува сè низ домот? Купете му играчки што може да ги гризе и смирено одвлечете му го вниманието кога...
Совети за нови родители со кучиња: Што да направите кога ќе добиете бебе? Ако пак мислите дека кучето ќе има пократки и поретки прошетки откако ќе пристиг...
Кои раси на кучиња најчесто добиваат топлотен удар, според ветеринар? Расите со сплескана муцка како мопс потешко се разладуваат, па поради ова се пос...
Животни кои ги јадат своите машки партнери (па дури и своите малечки) За да преживеат, женките скорпии може да ги изедат своите машки партнери откако ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg