После 8 години во сурови услови, најосамениот слон во светот си најде нов дом

После осум години самотија и живот во ужасни услови, слонот Кааван „си најде“ нов дом во засолниште во Камбоџа, најмногу благодарение на онлајн кампањата што ја почна пејачката Шер.

pole-8-godini-vo-surovi-uslovi-najosameniot-slon-vo-svetot-si-najde-nov-dom-01.jpg

36-годишниот азиски слон Кааван поминал три децении од животот во зоолошка во Пакистан. Во 2012-та умрела неговата партнерка, слонот Сахели, и оттогаш Кааван живеел во ужасни услови, без други слонови околу него.

Кога неговата приказна допре до светските медиуми, тој беше наречен и најосамениот слон во светот.

Условите во кои живеел Кааван се навистина сурови. Тој постојано бил во синџири, не му давале доволно храна, ноктите му биле толку големи што му претставувале проблем, а поради самотијата, слонот имал и психолошки проблеми.

pole-8-godini-vo-surovi-uslovi-najosameniot-slon-vo-svetot-si-najde-nov-dom-02.jpg

За среќа, пејачката Шер ја слушнала приказната за Кааван и решила дека е време некој да направи нешто. Светските медиуми пренесуваат дека откако видела фотографија од слонот, Шер се огласила на Twitter и почна кампања за негово ослободување.

Пејачката, која е коосновач на непрофитната организација Free the Wild која им помага на животните во слична положба како Кааван, на социјалните мрежи ја започна кампањата #FreeKaаvan (ослободете го Кааван).

Благодарение на ова, во мај годинава било одлучено слонот да се премести на друго место каде што ќе се грижат за него, но и каде што ќе има и други слонови.

Откако се одлучило слонот да се премести во засолниште за диви животни во Камбоџа, експертите веднаш почнале да го подготвуваат слонот за неговото патување.

pole-8-godini-vo-surovi-uslovi-najosameniot-slon-vo-svetot-si-najde-nov-dom-04.jpg

Дел од тимот што му помага на слонот се и неколку ветеринари од организацијата Four Paws International, кои поминале три месеци подготвувајќи го слонот за долгото патување што го чека. Според еден од нив Кааван напредувал многу брзо:

„Почна да ни верува за многу кратко време и за брзо напредна. Во овој случај, се чини како целата држава да се вклучи во неговиот транспорт до Камбоџа“.

pole-8-godini-vo-surovi-uslovi-najosameniot-slon-vo-svetot-si-najde-nov-dom-05.jpg

За среќа, слонот безбедно го поминал летот до неговиот дом, а од Four Paws ги споделија добрите вести на Twitter:

„Кааван јадеше, не беше исплашен, па дури и спиеше по патот! Се однесува како постојано да лета со авион“.

pole-8-godini-vo-surovi-uslovi-najosameniot-slon-vo-svetot-si-najde-nov-dom-03.jpg

pole-8-godini-vo-surovi-uslovi-najosameniot-slon-vo-svetot-si-najde-nov-dom-7.jpg

Слонот конечно е сместен во новиот дом, а според видеото од организацијата, навистина изгледа среќно.

„Сега и официјално можеме да го нарекуваме ’поранешен најосамен слон во светот‘. Навистина е прекрасно што има можност за интеракција со други слонови. Кааван конечно може да живее мирно со неговиот вид“.

pole-8-godini-vo-surovi-uslovi-najosameniot-slon-vo-svetot-si-najde-nov-dom-08.jpg

pole-8-godini-vo-surovi-uslovi-najosameniot-slon-vo-svetot-si-najde-nov-dom-09.jpg

pole-8-godini-vo-surovi-uslovi-najosameniot-slon-vo-svetot-si-najde-nov-dom-10.jpg

pole-8-godini-vo-surovi-uslovi-najosameniot-slon-vo-svetot-si-najde-nov-dom-11.jpg

pole-8-godini-vo-surovi-uslovi-najosameniot-slon-vo-svetot-si-najde-nov-dom-12.jpg

Спирова С. | Црнобело / Фото: Four Paws UK

Би можело да ве интересира:

Македонка вдоми еж на ранчот во с. Ранковце: „На Велигден се родија 6 ежиња“ „Во куќата имам маче кое го вдомив пред околу 2 недели откако го најдов напуштен...
Дресер на кучиња открива кои раси никогаш не би ги вдомил – Непријатно мирисаат и не се пријателски ... „Мрсната кожа ги прави да мирисаат лошо, без разлика колку често се капат. Од ми...
Предмети за мачки и кучиња на кои повеќето штедат, но не треба Гребалка за мачка и преносен сад за вода за топлите летни денови – кои предмети ...
Што да правите ако кучето ви уништува сè низ домот? Купете му играчки што може да ги гризе и смирено одвлечете му го вниманието кога...
Однесувања со кои кучето ви кажува дека ве сака (а обично не ги забележувате) Сака да се гали откако ќе се најаде и можеби најочигледниот знак – скока радосно...
Совети за одгледување хрчак – Што јаде, колку често треба да си игра и кога да го однесете на ветери... За среќен хрчак од особена важност е сместувањето. Ставете му го кафезот во близ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg