Фото на денот: Рисицата Лиса „уловена“ на фотки од тераса на жител од Маврово
Прекрасно е кога ќе видиме како рисовите шетаат и уживаат низ шумите на Маврово, а токму такви се овие фотки кои успеал да ги направи жител на мавровско село од својата тераса.
На Фејсбук страната на Национален парк Маврово постојано објавуваат фотки од рисовите кои шетаат низ шумите на планината.
Овојпат, на фотки е „уловена“ Лиса, деветта единка која се следи во Програмата за закрепнување на балканскиот рис и носи ГПС околувратник.
Покрај Лиса, околувратници со GPS имаат и рисовите Марко, Ристе, Мартин, Деки, Маја, Филипче, Нарциса, Риси и Атиџе.
Фотките ги направил жител на мавровско село и ги испратил до Македонското еколошко друштво.
?? Деновиве добивме прекрасни слики од рисицата ?Лиса? и тоа жител на едно Мавровско село кој оваа убавица ја сликал од својата тераса! Лиса е деветта единка која ја следиме во Програмата за закрепнување на балканскиот рис и носи ГПС околувратник. Драго ни е да потврдиме дека Лиса е здрава единка и стара околу 7 години. – стои во описот на страната.
https://www.facebook.com/mavrovo/posts/3478721588913414
М. М. | Црнобело