Како да го смирите вашето милениче во стресни ситуации?
Знаевте ли дека исто како кај луѓето, стресот има лошо влијание и врз здравјето на животните?
Ако имате милениче сигурно сте забележале дека и тоа чувствува страв и анксиозност, па во овие мигови важно е да го смирите.
Погледнете како да го смирите миленичето во стресни ситуации:
Огномети
Ако вашето милениче се плаши од огномети, во тој момент обидете се да се фокусирате на него. Немојте да го игнорирате и обрнувајте му внимание додека не завршат огнометите.
Шал за анксиозност
Во моментите кога вашето куче е исплашено, можете да му ставите шал околу вратот. Ако очекувате врева или нешто што знаете дека ќе го вознемири кучето, ставете му го шалот уште пред да се случи тоа. Шалот ќе му изгледа како прегратка на кучето и колку-толку ќе го утеши.
Држете го кучето во раце
Кучињата неретко се плашат од ветеринар, па во овие моменти ќе биде од помош ако го кренете во раце.
Ако вашето куче не сака да го кревате, можете да го научите на тоа – секојпат кога ќе го кренете во раце, дајте му малку храна како награда. Следниот пат кога ќе одите на ветеринар, држете го кучето во раце и тоа ќе се чувствува побезбедно.
Пуштете музика
Едно неодамнешно истражување покажало дека музиката го намалува стресот кај мачките, особено ако сте на ветеринар.
Науката вели дека музиката има ист ефект и кај кучињата.