5 раси на кучиња кои изгледаат „страшно“, а се многу мили
Постои изрека дека секое куче е одраз на сопственикот. Но, постојат некои раси на кучиња кои на прв поглед изгледаат навистина опасно и страшно, а во реалноста се многу мили и сакаат да се галат.
За кои раси станува збор?
1. Дога
Веројатно едно од најголемите кучиња на светот со раст кој може да биде и до 75cm, а да тежат до 70kg. Догите важат за многу мили и нежни, сакаат деца и уживаат кога ги галите. Тие се друштвени и пријателски расположени кон други животни, а сакаат да си играат и со мачки.
2. Боксер
Овие кучиња уживаат во тоа да го прават својот сопственик среќен. Боксерот навистина сака да биде опкружен со луѓе, важно му е да има газда кој ќе знае да ја возврати љубовта, па се прилагодуваат на живот во стан.
3. Ирски хрт
Идеално фамилијарно милениче. Во минатото биле одгледувани за да ловат и убиваат волци. Растат и до 80cm, а тежат околу 55kg.
4. Англиски булдог
Иако има опасен израз на лицето, под оваа „маска“ се крие емотивец кој ужива во друштво на луѓе. Овие кучиња се особено смирени и трпеливи во близина на деца.
5. Леонбергер
Куче со потекло од Германија кое наликува на лав. Но, карактерот не му е воопшто опасен. Послушно и умно куче.
Е. П. | Црнобело