Зошто секогаш треба да го шетате кучето со поводник, дури и ако е мирно?

Кучињата се мирни и питоми животни, па неретко сопствениците сакаат да ги шетаат без поводник.

zoshto-sekogash-treba-da-go-shetate-kucheto-so-povodnik-duri-i-ako-e-mirno-01.jpg

Од една страна, ова му дава поголема слобода на миленичето и му овозможува подобро да ја истражи околината, но од друга, шетањето без поводник може да биде опасно и за миленичето, и за луѓето околу вас.

Погледнете зошто:

Не можете да го контролирате во присуство на друго куче

Без разлика колку е мирен вашиот миленик, не можете со сигурност да знаете како ќе изреагира кога ќе му се приближи друго куче.

Обично кучињата многу се возбудуваат во ваква ситуација, но возбудата лесно може да се претвори во агресија.

Притоа, можеби вашиот миленик има најдобри намери, но другите кучиња можат да го нападнат или многу да го исплашат, па само ќе си создадете проблем.

zoshto-sekogash-treba-da-go-shetate-kucheto-so-povodnik-duri-i-ako-e-mirno.jpg

Некои луѓе се плашат од кучиња

Штом чувате куче, веројатно ги сакате животните, но не сите се чувствуваат исто. Не заборавајте дека многу луѓе имаат страв од кучиња.

Голема е веројатноста кучето без поводник да им се приближува на другите луѓе и, иако тоа само сака да си игра, некој може навистина да се исплаши.

zoshto-sekogash-treba-da-go-shetate-kucheto-so-povodnik-duri-i-ako-e-mirno-03.jpg

Опасност за другите животни

Кучињата сакаат да бркаат други животи, како мачки и верверици. Можеби ова за вас изгледа забавно, но постои опасност кучето да го повреди другото животно.

А, како ќе му објасните на некој зошто вашето куче ја нападнало неговата мачка?

zoshto-sekogash-treba-da-go-shetate-kucheto-so-povodnik-duri-i-ako-e-mirno-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Совети за нови родители со кучиња: Што да направите кога ќе добиете бебе? Ако пак мислите дека кучето ќе има пократки и поретки прошетки откако ќе пристиг...
Што да правите ако кучето ви уништува сè низ домот? Купете му играчки што може да ги гризе и смирено одвлечете му го вниманието кога...
Животни кои ги јадат своите машки партнери (па дури и своите малечки) За да преживеат, женките скорпии може да ги изедат своите машки партнери откако ...
Раси на кучиња кои можат да бидат погодни за луѓе со алергии Секое куче може да предизвика симптоми на алергија, но постојат раси чие крзно н...
Предмети за мачки и кучиња на кои повеќето штедат, но не треба Гребалка за мачка и преносен сад за вода за топлите летни денови – кои предмети ...
Кои раси на кучиња најчесто добиваат топлотен удар, според ветеринар? Расите со сплескана муцка како мопс потешко се разладуваат, па поради ова се пос...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg