Зошто секогаш треба да го шетате кучето со поводник, дури и ако е мирно?
Опасност за мали деца
Малите деца не сфаќаат дека треба да бидат претпазливи. Низ игра, детето може да го удри кучето, да го повлече за опашка и слично, а ова сигурно нема да му се допадне на вашиот миленик, па постои можност за несакана ситуација. Исто така, некои деца имаат голем страв од кучиња, па може само да се направи проблем.
И самото куче е во опасност
Кучињата се љубопитни и сакаат да истражуваат, па не треба многу за да го изгубите миленичето од вид. Ова може да биде проблем, особено ако вашето куче не се враќа кога ќе му викнете.
Труење
Сите знаат колку се радуваат кучињата на храна, дури и ако им ја даде личност што не ја знаат. Иако во овој случај најчесто станува збор за љубители на животни со добра намера, некои луѓе знаат да стават и отров.
Притоа, кај нас неретко се случува некој да најде храна со отров на улица, а сигурно не сакате вашето куче да изеде нешто такво.
Болести
Можеби кучето нема да изеде нешто отровно, но може да најде расипана или храна што не е погодна за него.
Важно е да знаете дека понекогаш може да се случи и кучињата да го јадат и изметот од другите животни, со тоа внесувајќи секакви вируси и паразити.
Кога ќе го шетате кучето со поводник, многу полесно ќе контролирате што сè ќе изеде додека е надвор.
Секако, тоа не значи дека буквално никогаш не треба да го пуштите слободно да се истрча, но внимавајте каде го правите тоа - не секоја околина е погодна.
Спирова С. | Црнобело