„Човечка“ храна која е штетна за вашето куче и со што да ја замените

Слатки

Слатките, чоколатцата, бонбоните и слично можат да бидат штетни за вашето куче. Причината е состојката ксилитол, која е безбедна за луѓето, но може да биде токсична за кучињата и да предизвика проблеми со црниот дроб, па дури и смрт.

Слатките можете да ги замените со путер од кикиритки, но гледајте да ја нема состојката ксилитол.

chovechka-hrana-koja-e-shtetna-za-vasheto-kuche-i-so-shto-da-ja-zamenite-07.jpg

Млеко и млечни производи

Повеќето кучиња се нетолерантни на лактоза. Па, иако можеби млекото и млечните производи не предизвикуваат сериозна закана, сепак можат да бидат причина за дијареја, повраќање, гасови и болки во стомакот.

Наместо млечни производи, на кучето можете да му дадете овесна каша.

chovechka-hrana-koja-e-shtetna-za-vasheto-kuche-i-so-shto-da-ja-zamenite-08.jpg

Цреши

Кучињата не можат да јадат цреши бидејќи нивните семки, гранчиња и ливчиња содржат цијанид. Дури и ако ги отстраните овие делови, црешите можат да имаат премногу шеќер за вашето милениче.

Кивито е подобра опција од црешите, но осигурете се дека добро ќе ја отстраните лушпата.

chovechka-hrana-koja-e-shtetna-za-vasheto-kuche-i-so-shto-da-ja-zamenite-09.jpg

Пченка со кочан

Пченката со кочан е опасна за кучето бидејќи може да се задави.

Сепак, во ред е да му дадете на кучето само пченка како ужина.

chovechka-hrana-koja-e-shtetna-za-vasheto-kuche-i-so-shto-da-ja-zamenite-10.jpg

Тесто за леб

Живото тесто може да предизвика проблеми со дигестивниот систем на кучето, па не би требало да му давате.

Од друга страна, ако кучето нема алергии, можете да му давате обичен бел леб. Само внимавајте да нема семки и други додатоци.

chovechka-hrana-koja-e-shtetna-za-vasheto-kuche-i-so-shto-da-ja-zamenite-11.jpg

Секако, за сите овие работи, би било најдобро да се консултирате и со вашиот ветеринар. 

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Совети за нови родители со кучиња: Што да направите кога ќе добиете бебе? Ако пак мислите дека кучето ќе има пократки и поретки прошетки откако ќе пристиг...
Што да правите ако кучето ви уништува сè низ домот? Купете му играчки што може да ги гризе и смирено одвлечете му го вниманието кога...
Раси на кучиња кои можат да бидат погодни за луѓе со алергии Секое куче може да предизвика симптоми на алергија, но постојат раси чие крзно н...
Предмети за мачки и кучиња на кои повеќето штедат, но не треба Гребалка за мачка и преносен сад за вода за топлите летни денови – кои предмети ...
Кои раси на кучиња најчесто добиваат топлотен удар, според ветеринар? Расите со сплескана муцка како мопс потешко се разладуваат, па поради ова се пос...
Позитива на денот: Мечка влезе во ресторан и си седна на маса да јаде (видео) „Додека ручавме, мечка реши да се прекачи преку оградата и се послужи со остатоц...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg