Запознајте ја Еклипс - Кучето кое само се вози со градски автобус (фото)
Ова преслатко куче им го подобрува расположението на сите што ќе го сретнат, а доволно е само да ја погледнете за да ви стане јасно зошто.
Ако се качите во градски автобус во Сиетл, можеби ќе имате среќа да налетате на Еклипс.
Еклпис е можеби најпопуларното куче во градот, а уште поинтересно е што се однесува како одговорен и независен возрасен човек.
Ова неверојатно куче секој ден само излегува од дома и се качува во автобус за да стигне до паркот за кучиња.
„Секој ден сама го напушта домот и фаќа автобус до паркот за кучиња, каде што минува неколку часа. Потоа повторно се качува во автобус и се враќа дома“, напишала една жена од Сиетл на Facebook.
Очигледно, на Еклипс не ѝ е потребна никаква помош од сопственикот кога сака да оди на прошетка.
Наводно, сè започнало кога Џеф Јанг, нејзиниот сопственик, малку се задржал кога пристигнал автобусот. На Еклипс не ѝ се чекало, па се качила сама. Бидејќи возачот ја препознал, ја однел до паркот, а подоцна ѝ се придружил и Џеф.
После неколку соло патувања до паркот, Џеф почнал да ја пушта сама. Еклипс секогаш се враќала дома после неколку часа.
Веќе сите возачи на автобуси ја научиле Еклипс и со задоволство ја носат до паркот.
Еклипс си има и своја автобуска карта, која ѝ е закачена на ремчето.
„Дури и полицијата го одобри патувањето на Еклипс, сè додека не им пречи на возачите“, споделуваат граѓаните.
Еклпис има и нејзина Фејсбук страна – Eclipse Seattle’s Bus Riding Dog, со над 44.000 следбеници.