Без пчели ќе нема храна - Што ќе се случи ако исчезнат сите инсекти на планетата?
Бумбарите се природни рециклирачи
Постојат над 375.000 видови бумбари, па ова е „најразновидниот“ инсект во сетот.
Голем дел од нив се штетници и ги напаѓаат растенијата, но некои имаат и позитивно влијание. На пример, бубамарата е вид бумбар и се храни со инсекти што ги напаѓаат растенијата.
Копрофагот, пак, го рециклира изметот од другите животни и го закопува, со тоа хранејќи ја почвата. Без ова закопување, акумулацијата и мирисот од изметот би биле неподносливи за екосистемот.
Штурците го покажуваат здравјето на почвата
Според еден извештај, 25,7% од сите видови штурци во Европа можат да исчезнат. Најголем виновник за ова е употребата на пестициди.
Исчезнувањето на штурците ќе биде проблем бидејќи овие инсекти се храна за птиците, влекачите, па дури и луѓето. Всушност, штурците се богати со протеини, а имаат малку масти.
Истовремено, овие инсекти се знак дека почвата на којашто се наоѓаат е здрава.
Пајаците ги штитат растенијата
Пајаците не им припаѓаат на инсектите, но и тие се важни за нашиот екосистем.
Повеќето видови пајаци кои живеат со луѓето не се опасни или агресивни. Воглавно, тие се предатори на речиси сите инсекти, па и други пајаци. Доколку пајаците исчезнат, мувите и комарците ќе станат сериозен проблем.
Комарците се исклучок
Комарците се најопасниот инсект за луѓето и секоја година се одговорни за смртта на над милион луѓе. Најголем проблем е што тие разнесуваат инфективни болести, како маларија и вирусот Зика.
За научниците не е познато што всушност би се случило ако исчезнат сите комарци. Ова веројатно би било проблем за инсектите и животите што ги јадат, но тие ќе можат да најдат и друг извор на храна.
Спирова С. | Црнобело