Казнувањето на кучињата има штетен ефект врз нивното здравје
Методи како што се карање или викање на кучето поради џвакање на тепихот или лаење на ѕвоното, се ефикасни, но можат да го зголемат нивото на стресот кај животните.
Истражувањата кои ги испитуваа ефектите на различните методи за обука на кучињата откриле дека техниките како казнување не биле поефикасни од обуките кои вклучуваат наградување за добро однесување.
Истото истражување покажа дека техниките за казнување можат да го загрозат физичкото и менталното здравје на кучињата.
Целта на обуката е да се има послушно куче кое ќе го слуша неговиот сопственик, затоа што му верува, а не затоа што се плаши од него. Покрај тоа, физичката казна кучето ретко правилно ја разбира.
Физичкото казнување ја нарушува довербата помеѓу кучето и сопственикот, а кучињата можат да ја поврзат казната со сопственикот, а не со тоа што го направиле. Потоа, честопати сопствениците ги удираат кучињата со рацете и нозете, што предизвикува кучињата да им ги „грабнат“ рацете, дури и кога сакаме да ги погалиме: не се сигурни дали раката ќе ги удри или погали.
Таквите кучиња стануваат вознемирени, несигурни за тоа што сопственикот сака од нив. Поради анксиозноста кучињата можат да ги развијат сите оние болести што ги споменуваме кај луѓето кои се под стрес (на пр. чир на желудник).
Конечно, една од главните причини за агресијата е стравот.
Казната не мора да биде физичка. На пример, негирање на внимание (игнорирање) може да биде знак за кучето да престане да прави нешто (скокање на сопственикот и сл.)
Потоа, кај кучињата кои се научени да комуницираат со сопственикот, доволно е да го видат загрижениот или лутиот став на сопственикот за да сфатат дека не смеат да прават нешто.
Кучињата треба да бидат обучени со т.н. позитивно охрабрување (популарно наречено награди), при што казната ќе биде лишување на наградата, а не физичка сила.
Ашера | Црнобело