Тажна глетка од истоштени и слаби поларни мечки на кои мразот им се топи под шепи (фото)
Климатските промени си го прават своето, а за тоа се доказ овие очајни поларни мечки, кои се борат да преживеат додека мразот кој им се топи под шепите.
Поларните мечки се наоѓаат во голема опасност, бидејќи секојдневно се мачат да преживеат додека гладни и истоштени се обидуваат да застанат на мразот кој се топи.
На фотографиите направени на брег во Канада, може да се забележи колку овие животни се изнемоштени, откако со месеци живеат на копно, а се одржуваат на резерви и се соочуваат со изгладнување.
Глобалното затоплување постојано ја намалува ледената покривка, па тие не се во можност да се впуштат во лов бидејќи не можат да најдат цврсто парче мраз кое ќе ги одржи.
Експертите се загрижени бидејќи ситуацијата е отидена предалеку со климатската криза, а посочуваат дека се плашат од опасноста за целосно исчезнување на овој вид.
Тие советуваат дека иако проблемот е голем, сепак секој човек треба да почне со малку, а со тек на време, може да се постигне барем некаков успех и подобрување, ако постои човечка свести иницијатива за промени.
M. M. | Црнобело