Како вашиот ветеринар ја гледа евтаназијата - „Подготвена е. Вие не сте. Јас не сум...“

Секогаш кога треба да се збогуваме со некое наше милениче, болката е неопислива. Ова е сосема нормално, бидејќи милениците се важен дел од нашиот живот.

kako-vashiot-veterinar-ja-gleda-evtanazijata-emotivna-objava-na-veterinarka-shto-kje-ve-rasplache-01.jpg

Но, неретко, и ветеринарите ја чувствуваат оваа болка, особено во случај на евтаназија.

Брендa Гоу е ветеринар од Онтарио и неодамна споделила навистина емотивна објава на Facebook.

Бренда била ветеринар веќе 24 години, а во неделата обично имала 1 до 2 евтаназии. Понекогаш се случувало да има и 3-4 во еден ден, нешто што било навистина тешко за неа и нејзините колеги.

Таа решила да сподели како се чувствуваат ветеринарите кога треба да ги заспијат животните, а нејзината објава е прочитана од стотици илјадници луѓе.

Погледнете што има да каже таа за евтаназијата:

„Како вашиот ветеринар ја гледа евтаназијата…

Па, ќе ми го донесете ова кученце – ми го бакнува лицето, ги јади колачињата што му ги давам и нашето пријателство започнува.

Неколку посети подоцна, тоа почнува да сфаќа каде се колачињата во клиниката и дека жената со белиот мантил е добра.

Многу посети подоцна, јас сум вљубена во вашето куче и целото ваше семејство, бидејќи сте навистина добри луѓе и не само што гледав како кучето стана дел од вашето семејство, туку гледав како растеа и вашите деца и бев мал дел од вашето патување.

Толку многу авантури, толку малку време…

И еве нè, петнаесетина години подоцна, кога треба да се збогуваме.

Тоа има болест на срцето и не можам да го лекувам повеќе. Тоа има рак и нема лек. Тоа има артритис и лековите повеќе не функционираат. Сакам да живее засекогаш за вас. Сакам толку многу, што боли. Се чувствувам како да сум ве изневерила и вас и него кога немам повеќе опции да ве направам среќни.

Па сега е време, а јас треба да бидам професионалец. Објективна. Јас сум докторот. Смирена. Прибрана. Секогаш под контрола.

Имам игла во џебот од мојот мантил. Истиот џеб во кој ги ставав ужините за него. Вдишувам длабоко и влегувам во просторијата. Морам да останам силна…

Тоа ми го дава најмилиот поглед како и секогаш, погледот проследен со кучешки бакнежи и поглед кон теглата со колачиња. Но сега е премногу слаба. Подготвена е. Вие не сте. Јас не сум. Но ова мора да се случи бидејќи ја сакаме премногу за да ѝ дозволиме да страда…“

Во продолжение можете да ја прочитате целата објава на Бренда:

How your vet sees euthanasia..... So, you bring me this puppy - she kisses my face, devours the cookies I offer, and...

Posted by Brenda Gough on Thursday, September 26, 2019

Извор

Би можело да ве интересира:

Македонка вдоми еж на ранчот во с. Ранковце: „На Велигден се родија 6 ежиња“ „Во куќата имам маче кое го вдомив пред околу 2 недели откако го најдов напуштен...
Раси на кучиња кои можат да бидат погодни за луѓе со алергии Секое куче може да предизвика симптоми на алергија, но постојат раси чие крзно н...
Дритон од Скопје чува шкотска мачка: „Оби е многу кроток, но не сака луѓето да го задеваат“ „Оби е шкотска раса и има 6 години. Го донесов од Софија, Република Бугарија и о...
Кои раси на кучиња најчесто добиваат топлотен удар, според ветеринар? Расите со сплескана муцка како мопс потешко се разладуваат, па поради ова се пос...
Предмети за мачки и кучиња на кои повеќето штедат, но не треба Гребалка за мачка и преносен сад за вода за топлите летни денови – кои предмети ...
Фотографии кои покажуваат дека животните ја чувствуваат нашата љубов Колку што ние си ги сакаме мачките и кучињата што ги чуваме дома, толку и тие нè...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg