Дозволете им да тагуваат на луѓето што изгубиле милениче

Губењето милениче понекогаш боли како губење на сакана личност - психолог советува да ги разберете луѓето што се во ваква ситуација.

dozvolete-im-da-taguvaat-na-lugjeto-shto-izgubile-mileniche-01.jpg

Дали некогаш сте изгубиле милениче? Ако сте минале низ нешто такво, тогаш знаете колку е болно ова искуство.  Но, кога станува збор за процесот на тагување се среќавате со некои чудни работи.

Со милениците формираме силни врски, дури посилни отколку со некои луѓе и кога ќе ги изгубиме чувствуваме дека треба да ја сокриеме болката затоа што едноставно некои луѓе не сфаќаат колку е болна загубата на милениче.

Психологот и автор Гај Винч порачува дека како општество треба да се промениме и да им дадеме поголема поддршка на луѓето кои тагуваат по загубата на своето милениче. Во неговата книга „How to Fix a Broken Heart“ објаснува колку е тешко ова и вели дека процесот на преболување може да трае еден или два месеци, но и година, па и подолго. Понекогаш тагата може да биде толку интензивна како губење на личност што ја сакаме.

dozvolete-im-da-taguvaat-na-lugjeto-shto-izgubile-mileniche-02.jpg

Луѓето на пример се плашат да побараат слободен ден поради смртта на нивното милениче затоа што сметаат дека ќе бидат третирани како пречувствителни, недоволно зрели и емоционално слаби.

Ако имате некој во ваша близина што изгубил милениче, дадете му поддршка и оставете му време и простор да тагува. Покажете му разбирање и посочете му дека не треба да се чувствува лошо што се чувствува лошо што го изгубил својот крзнен пријател.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Совети за нови родители со кучиња: Што да направите кога ќе добиете бебе? Ако пак мислите дека кучето ќе има пократки и поретки прошетки откако ќе пристиг...
Позитива на денот: Мечка влезе во ресторан и си седна на маса да јаде (видео) „Додека ручавме, мечка реши да се прекачи преку оградата и се послужи со остатоц...
Најсмртоносните животни и инсекти за луѓето (дел има и во Македонија) Што мислите, кој убива повеќе луѓе годишно – отровните змии или комарците? Шт...
Дритон од Скопје чува шкотска мачка: „Оби е многу кроток, но не сака луѓето да го задеваат“ „Оби е шкотска раса и има 6 години. Го донесов од Софија, Република Бугарија и о...
Им треба простор, пренесуваат салмонела – Што треба да знаете за желките како миленици? Токму поради тоа што може да пренесат салмонела, не ја гушкајте или бакнувајте в...
Шимпанзо, гавран – Кои се најинтелигентните животни на планетата? Шимпанзата можеби не го разбираат човечкиот говор, но во минатото неколку единки...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg