Тежи 65 kg и е најголемата маза што сте ја виделе – запознајте го снежнобелиот Арон (фото)

Неговата мајка е самојед, а според ветеринарот многу веројатно е неговиот татко да му припаѓа на расата маламут. Наскоро ќе наполни 3 години и тежи неверојатни 65 kg. Но, колку што е голем неговиот апетит, уште поголемо е неговото срце.

Zapoznajte-go-sneznobeliot-Aron-01.jpg

Арон живее заедно со Јана, неговата сопственичка, која наместо да си купи куче решила да си посвои едно преку групата „Вдоми миленик“. Но, чувањето милениче си го сфатила како многу сериозна задача, каква што и треба да биде.

Сепак, Арон не е воопшто разгален. Напротив, тој е прилично добро воспитан. Не велиме дресиран, туку навистина воспитан. Може да ја имате најубавата храна на масата и тој да не ја допре. Тој не ја допира дури ниту неговата храна, додека не му ја дадете.

Всушност, неговите месни паштети Арон ги јаде со помош на виљушка. Откако ќе го боцнете месото со виљушката и ќе му го понудите, тој слатко ќе го изеде.

Ги обожава сите видови на кучешки бисквити, а сака да јаде и мандарини, банани и диња, пилешко стекче и јогурт.

Во слободно време најмногу сака да си игра со неговото омилено ќебенце. Арон, исто така, прилично добро се забавува и со јажето кое обожава да го влече со забите. Сепак, немојте да очекувате од него да ви го донесе фрленото топче. Тој повеќе сака да го бркате вие него со цел да си го земете топчето назад.

Снежнобелиот Арон е најдружељубивото и најмирното куче кое речиси и да не лае. Особено му се радува на ладното и на снегот, тогаш е „свој на своето“. Арон, исто така, обожава да се бања, па ужива кога се шлапка во Вардар, Беровското Езеро, водата во градскиот парк или во неговото специјално базенче дома.

Сепак, Арон има и неколку маани. Топчињата што свиркаат му се особено интересни, но успева да ги скине за неполни 2 минути. Кога е налутен, започнува да копа дупки по дворот и отсадува цвеќиња кои не му се допаѓаат.

Овој убавец особено многу сака да позира и е прилично успешен во тоа. Тој седи совршено мирен дури и кога е обвиткан со сијалички, кога има вратоврска на него или кога им го честита празникот на дамите, 8 март. Обожава да се гали и гушка и е секогаш пријателски настроен кон сите.

Арон ви ги честита новогодишните и божиќните празници со пораката дека не секогаш мора да платите многу пари да имате прекрасен миленик. Тој ќе ве сака без оглед на сè. Тој е вашиот лек за смирување и ја има моќта да ги избрише сите неубави работи кои ви се случиле во текот на денот.

Погледнете уште некоја сликичка со убавецот Арон, дефинитивно ќе ви нацрта насмевка и ќе ви го разубави денот:

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Однесувања со кои кучето ви кажува дека ве сака (а обично не ги забележувате) Сака да се гали откако ќе се најаде и можеби најочигледниот знак – скока радосно...
Дритон од Скопје чува шкотска мачка: „Оби е многу кроток, но не сака луѓето да го задеваат“ „Оби е шкотска раса и има 6 години. Го донесов од Софија, Република Бугарија и о...
Кои раси на кучиња најчесто добиваат топлотен удар, според ветеринар? Расите со сплескана муцка како мопс потешко се разладуваат, па поради ова се пос...
Раси на кучиња кои можат да бидат погодни за луѓе со алергии Секое куче може да предизвика симптоми на алергија, но постојат раси чие крзно н...
Фотографии кои покажуваат дека животните ја чувствуваат нашата љубов Колку што ние си ги сакаме мачките и кучињата што ги чуваме дома, толку и тие нè...
Предмети за мачки и кучиња на кои повеќето штедат, но не треба Гребалка за мачка и преносен сад за вода за топлите летни денови – кои предмети ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg