Како да внимавате на милениците за време на празниците?

Празничната сезона е убав период од годината, но во исто време сте и многу изложени на стрес, на ризици од лоша храна, прејадување или алкохолизирање.

pazete-se-sebe-no-ne-zaboravajte-nitu-na-milenicite-za-vreme-na-praznicite-01.jpg

Во сета таа еуфорија не смеете да заборавите на своето милениче.

Обрнувајте внимание и на милениците, посебно на сите опасности кога дома сервирате храна која е потенцијално опасна за нив, или ставате украси кои можат да ги повредат.

Ова се неколку совети плус како да го направите тоа:

Држете ги настрана од храната која е лоша за нив

Иако имате храна која „прелева“ од масата, одолејте на тоа да ги храните своите миленици со неа. Таа храна не е карактеристична за нив, особено ако јадат само специјализирана храна. Избегнувајте да им давате чоколади, ореви, храна и пијалаци со алкохол, јадења со лук и кромид и сè што содржи морско оревче и суво грозје.

Ако имате куче, прошетајте го пред да дојдат гостите

Веројатно откако ќе дојдат гостите нема да имате прилика да го прошетате кучето, па направете го тоа пред тие да пристигнат. Неколку часа порано нема да сменат ништо, но неколку часа подоцна кучето може да биде под стрес, да се плаши или да биде превозбудено од присутните луѓе.

pazete-se-sebe-no-ne-zaboravajte-nitu-na-milenicite-za-vreme-na-praznicite-2.jpg

Направете им скришно катче

Креветот, ќебенцето и играчките префрлете ги во тивка соба, а таму поставете им ја и храната. Направете да се чувствуваат удобно и безбедно, дури и ако дома имате повеќе гости.

Предупредете ги гостите да не ги хранат

Има миленичиња кои никогаш нема да земат понудена храна освен ако е онаа на која се навикнати. Има и такви кои се лакоми и веднаш би го изеле парчето салама кое некој ќе им го подаде. Предупредете ги гостите да не ги хранат со храната што е поставена на масата.

pazete-se-sebe-no-ne-zaboravajte-nitu-na-milenicite-za-vreme-na-praznicite-04.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонка вдоми еж на ранчот во с. Ранковце: „На Велигден се родија 6 ежиња“ „Во куќата имам маче кое го вдомив пред околу 2 недели откако го најдов напуштен...
Кои раси на кучиња најчесто добиваат топлотен удар, според ветеринар? Расите со сплескана муцка како мопс потешко се разладуваат, па поради ова се пос...
Фотографии кои покажуваат дека животните ја чувствуваат нашата љубов Колку што ние си ги сакаме мачките и кучињата што ги чуваме дома, толку и тие нè...
Раси на кучиња кои можат да бидат погодни за луѓе со алергии Секое куче може да предизвика симптоми на алергија, но постојат раси чие крзно н...
Совети за нови родители со кучиња: Што да направите кога ќе добиете бебе? Ако пак мислите дека кучето ќе има пократки и поретки прошетки откако ќе пристиг...
Позитива на денот: Мечка влезе во ресторан и си седна на маса да јаде (видео) „Додека ручавме, мечка реши да се прекачи преку оградата и се послужи со остатоц...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg