Сопственик на куче што не може да оди му купи количка за да го носи на прошетки (видео)
Меги имаа 11 години и нозете повеќе не ја држат за да шета, но нејзиниот прекрасен сопственик пронашол решение.
Меги е куче од расата златен ретривер кое не може да оди поради староста. Таа сè повеќе имала тешкотии со движењето, но кога комплетно се откажала од прошетките, нејзиниот креативен сопственик смислил решение.
Ѝ купил количка на Меги и ја влече по улиците на кои се навикнати да шетаат заедно, па така Меги и покрај староста не престана со прошетките.
Сопственикот на Меги е професор на Универзитетот во Мериленд и чува 5 златни ретривери, а 3 од нив се многу стари. „Меги има речиси 11 години и нејзините нозе се ослабнати“, открива тој.
„Меги може да изоди само 50 метри пред нозете да ѝ попуштат. Но, јас знам дека обожава прошетки, па затоа ѝ купив количка и сега продолжуваме да ја практикуваме рутината на која е навикната.“
Како изгледаат прошетките на Меги и нејзиниот прекрасен сопственик:
С. С. | Црнобело