Како да ги распознаете најчестите убоди од инсекти?
Дали некогаш сте виделе убод од инсект на своето тело и сте се запрашале од што може да биде? Или можеби сте биле сигурни дека е убод од комарец, но потоа сте забележиле чудни симптоми коишто не можете да си ги објасните?
Колку подобро сте информирани за инсектот што ве каснал, толку подобро ќе можете да интервенирате на каснатото место. Уште една дополнителна причина е тоа што некои од инсектите со својот убод може да пренесат и опасни инфекции.
Еве како изгледаат неколку од најчестите убоди од инсект:
Крлеж
Она што е страшно кај убодот од крлеж, е тоа што најверојатно нема да го осетите кога ќе се закачи за вас. Овие штетници неприметно каснуваат и ја цицаат крвта, а нивниот убод предизвикува црвенило коешто се протега во радиус од неколку сантиметри околку црвена или црна точка.
Доколку сте каснати, осигурајте се дека веднаш сте го отстраниле крлежот целосно, внимавајте да не го откинете само телото, а да остане главата, за да не може да ви пренесе опасна болест како Лајм болеста.
Комарец
Овие чести убоди изгледаат како мали црвени испакнатини на кожата и се со форма на круг или меур.
Чешањето е најлош потег, бидејќи така кожата уште повеќе ќе се изиритира и ќе стане темноцрвена.
Оса
Каснувањето од оса е вообичаено болно, а ретко кога ќе го фатите на време да го видите.
Убодите од оса многу чешаат и предизвикуваат црвенило и оток. Каснатиот дел е малку поголем од оној на комарецот и можете да видите каде е пробиена кожата.
Пчела
Пчелите се спремни да го изгубат својот живот кога ќе ве каснат. Откако ќе ја пробијат кожата тие не можат да го повлечат осилото и тоа останува забиено во вас, а се одделува од пчелата заедно со дел од нејзините органи и таа умира.
Затоа нивните убоди се лесни за препознавање. Важно е веднаш да го отстраните осилото од кожата, за да не се пренесе отровот во крвотокот.
Стршен
Дури и ако не можете да распознаете оса и стршен, доколку ве касне стршенот, веднаш ќе ја осетите разликата бидејќи каснувањето од стршлен е отровно.
Убодот предизвикува црвенило и оток, а некогаш може да направи и плускавци.
Доколку искусите други симптоми како синило на кожата или трпнење, веднаш одете на доктор.
Болва
Најчесто овие каснувања се наоѓаат на нозете и се лесни за забележување бидејќи болвата каснува повеќе пати.
Овие каснувања повеќе чешаат од убодот од комарец и на изглед се како мали, цврсти, црвени топчиња на кожата.
Вошка
Вошката најчесто се наоѓа на главата но има и видови на вошки што може да се појават на други делови од телото.
Покрај тоа што нивното каснување многу ве тера да се чешате, тоа исто така остава и мали црвени точки на кожата.
Коњска мува
Коњската мува има силно каснување. Тоа остава голема трага која предизвикува отоци, а понекогаш и плускавци. Ова каснување понекогаш може дури да предизвика вртоглавица, а во ретки случаи и инфекција.
Доколку некогаш ве касне коњска мува, исчистете го местото каде што сте каснати и нанесете мраз за да го смирите отокот и болката.
Тавтабита
Сите постари знаат колку се напорни тавтабитите и доколку некогаш ги донесете дома, колку се тешки за отстранување.
Честопати нивниот убод се меша со убод од комарец, но тие вообичаено имаат цик-цак патека на каснување. Останатите симптоми може да се појават во облик на црвенило, оток и гној.
(О)Милена | Црнобело