Работи со кои може да му наштетите на кучето, без воопшто да сте свесни за тоа
Oние кои имаат деца, сакаат постојано да дознаваат нови совети и трикови за одгледувањето деца.
Но, не треба да заборавиме и на сопствениците на кучиња, кои нив ги гледаат исто како сопствени деца и се грижат за нив максимално.
Но, како и секогаш, често се случува несвесно да направите некоја грешка, која може да им наштетува на вашите миленици.
За да избегнете такви ситуации, дознајте кои се најчестите грешки кои се прават.
Работи со кои може да им наштетувате на кучињата, без воопшто да сте свесни:
Ако одберете погрешно ремче за околу врат
Важно е да одберете ремче од квалитетен материјал и соодветна големина, бидејќи доколку нешто не е како што треба може да доведе до сериозна повреда на вратот при посилно влечење.
Ако го оставите само во автомобил
Температурата во автомобилот може многу брзо да се зголеми, дури и ако е паркиран под сенка, а кучињата се загреваат многу побрзо од луѓето и тоа може да доведе до сериозни проблеми.
Ако ги занемарувате забите на кучето
Исто како и вашите заби, така и забите на кучето треба редовно да се четкаат колку и да звучи тоа непотребно и смешно.
Најдобро е да почнете порано за кучето да се навикне на тоа, но важно е да користите специјални четка и паста за кучиња во консултација со ветеринар.
Ако му дозволувате да јаде сè
На кучето никогаш не треба да му давате храна која е наменета за вас, може да биде пресолена, прелута или премасна за нив. Многу видови храна кои ние ги јадеме за кучињата се штетни и токсични, па затоа научете ги дека тоа не им е дозволено и давајте им само од нивната храна.
Ако го носите во парк за кучиња
Ова не е некоја голема закана, но ако имате мало куче треба да размислите добро дали треба да ризикувате. Големите кучиња понекогаш се многу груби и може случајно да го повредат вашето или да го исплашат.