Работи со кои може да му наштетите на кучето, без воопшто да сте свесни за тоа
Ако употребувате казна со физичко насилство
Да, кучињата треба да бидат дисциплинирани, но насилството не е решение и начин за казнување.
Тренингот базиран на награда е многу поефективен од дисциплината постигната со тепање. А, ако не може да успеете, можеби треба да го дадете на дресура кај некој поискусен.
Ако не го заштитувате за време на возење
Исто како што возрасните користат појас, и како што на децата им ставате појас и помошни седишта, така и за кучињата треба да се обезбеди сигурност бидејќи и тие може да се повредат ако шетаат наоколу во автомобил кој вози.
Распрашајте се и одберете најдобар начин кој ви одговара за да го заштитите кучето при возење.
Ако му викате на кучето кога ќе погреши нешто
Викањето е уште една работа која не треба да ја практикувате при дисциплинирањето. Не функционира, а само ќе го исплашите кучето од вас.
Ако оставате опасни предмети во околината
Исто како што родителите го обезбедуваат домот за да биде безопасен за децата, така треба тоа да се направи и за кучињата.
Погрижете се да не оставате ништо на дофат што може да им наштети, како голтање лекови, нокти, батерии, други мали предмети, па дури и чорапи.
M. M. | Црнобело