Споделуваме искуства: „Што научив по пливањето со ајкули без кафез?“
Ајкулите не се чудовишта што ги јадат луѓето за појадок, како што се претставувани во филмовите и медиумите.
Каит Хансон живее веќе 15 години на Хаваи и отсекогаш се плашела од напад од ајкули. Сè што знаела за овие предатори било од телевизиски шоуа и филмови.
Но, одлучила дека мора да се предизвика себеси и да се соочи со стравовите, па така решила да плива со ајкули без кафез.
Со тим обучен за тоа таа ја направила оваа авантура за време на одморот на Тахити.
Хансон открива што научила од ова искуство и од разговорите со стручниот тим:
Повеќето од работите кои мислев дека ги знам за ајкулите се погрешни
Тие не се чудовишта што ги јадат луѓето за појадок, како што се претставувани во филмовите и медиумите.
На пример во 2017 година според извештајот на International Shark Attack File имало само 5 фатални несреќи со ајкули во светот.
Ајкулите исчезнуваат со алармантна брзина
На секои три секунди во светот се убива по една ајкула и тоа е еден од најголемите проблеми во океаните.
Тие се клучни суштества во океаните и нивното исчезнување ќе има силни последици на глобално ниво.
Ајкулите не се злобни
„Злобен“ е опис кој повеќе одговара на однесувањето на некои луѓе, отколку на ајкулите.
Ајкулите имаат важна улога во екосистемот. Со таргетирање на слабите, болните и повредените риби, тие придонесуваат за добро здравје општо на популацијата на риби и за стопирање на ширењето на некои болести и општо позитивно влијаат на природната селекција.
Ајкулите не сакаат да јадат луѓе
Ајкулите се љубопитни и секогаш ја истражуваат околината и луѓето се огромен плен за нив. Само неколку видови ајкули ги гледаат луѓето како потенцијален плен.
99% од ситуациите кога ќе сретнат човек, ајкулите не се воопшто заинтересирани за него. Сепак, не пливајте наутро и навечер, бидејќи тогаш ајкулите се хранат и може да се ставите сами во опасност, а навистина нема потреба од тоа.
Вистина е - ајкулите ги привлекува крвта
Нивните сетила се многу развиени и вистина е дека ги привлекува крвта.
Но, тие најмногу се потпираат на неверојатно изостреното сетило за слух за да забележат звуци од ранета риба и на многу голема далечина.
Можете да ги гледате во очи
Од документарните филмови можеби ви изгледа дека никако не смеете да ги погледнете ајкулите во очи, но во реалноста не е така.
Не постои конкретна причина зошто да не го правите тоа, а нивните очи изгледаат неверојатно.
Похрабри сте од што мислите
Заплашувачко е чувството да пливате со предатори кои можат да ве изедат за миг, но кога ќе влезете во водата може да се чувствувате неверојатно убаво и комфорно без разлика што има ајкули околу вас.
Соочете се со стравовите, ќе се изненадите од резултатот.
С. С. | Црнобело