Сомневањата се точни: Луѓето ги сакаат кучињата повеќе отколку што ги сакаат другите луѓе
Сомневањата се точни. Кучињата навистина се подобри од луѓето, барем луѓето така мислат.
Според едно ново истражување, луѓето ги сакаат кучињата повеќе отколку што ги сакаат другите луѓе. Во истражувањето објавено во магазинот Society & Animals на 240 студенти им беа презентирани лажни вести за личност или куче нападнато со бејзбол палка и оставено несвесно со една скршена нога и повеќе пукнатини.
На учесниците им беше даден истиот лажен полициски извештај, само со промена на жртвата.
Еднаш 1-годишно бебе, потоа 30-годишна личност, мало кученце и 6-годишно куче. Тие биле запрашани како се чувствуваат во врска со извештаите и, како што очекувавте, изјавиле дека повеќе се загрижени за кученцето, кучето и бебето, отколку за возрасниот човек.
Всушност, кога жртвите биле подредени според емпатија, 30-годишниот човек завршил на последното место.
Возрасното куче добило помалку емпатија отколку бебето, па заклучокот е дека и годините играат улога, но сепак возрасното куче го победило возрасниот човек, па видовите играат улога.
„Испитаниците не ги гледаат своите кучиња како животни, туку повеќе како свои крзнени бебиња или членови на семејството заедно со децата, па затоа повеќе сочувствуваат со нив“, заклучија научниците.
С. С. | Црнобело