Што сака да ви каже кучето кога мавта со спуштена опашка, се тресе, лежи на грб...?

Секоја положба на телото на вашето куче означува некаков знак преку кој тоа сака да ви покаже дека е гладно, жедно, но и дека му значите или сте му недостасувале.

znaci-koi-vi-gi-dava-vaseto-kuce-i-nivno-znacenje-01.jpg

Следните илустрации ќе ви покажат како подобро да разберете што сака да ви каже вашиот миленик или непознатото куче кое го сретнавте на паркингот.

1. Мавта со опашката, спуштена надолу

Ако кучето бавно мафта со опашката тоа е знак дека не знае што се случува и се прашува што сакате од него. Ако кучете брзо мафта со спуштената опашка ви признава дека вие сте „главни“.

znaci-koi-vi-gi-dava-vaseto-kuce-i-nivno-znacenje-02.jpg

2. Малку мрда со опашката која е подигната вертикално

Кучето го става во прашање вашиот авторитет, бидејќи се смета за „главно“ во дадената ситуација.

znaci-koi-vi-gi-dava-vaseto-kuce-i-nivno-znacenje-03.jpg

3. Свиткана опашка и вовлечена меѓу нозете

Ова е знак дека кучето е исплашено, чувствува некаква болка или неудобност. Ако опашката многу често му е во таа положба, можеби е добро да го однесете на ветеринар.

znaci-koi-vi-gi-dava-vaseto-kuce-i-nivno-znacenje-04.jpg

4. Широко отворени очи

Кучето го привлекло вашето внимание. Тоа ве предизвикува и очекува да одговорите на тоа.

znaci-koi-vi-gi-dava-vaseto-kuce-i-nivno-znacenje-05.jpg

5. Замижува и трепка со очите

Тоа значи дека е спремно за игра. Но, ако кучето премногу често примижува, можеби има некаква алергија или друга болест, па не би било лошо да го одведете на ветеринар.

znaci-koi-vi-gi-dava-vaseto-kuce-i-nivno-znacenje-06.jpg

6. Кренати уши или уши свртени напред

Кучето е љубопитно и реагира на нов настан во средината околу него.

znaci-koi-vi-gi-dava-vaseto-kuce-i-nivno-znacenje-07.jpg

7. Ушите залепени за главата

Ова е знак дека кучето е исплашено. Понекогаш може да му биде спуштено само едното уво, обично левото. Тоа покажува одбранбена реакција кон луѓето што не ги знае или страв.

znaci-koi-vi-gi-dava-vaseto-kuce-i-nivno-znacenje-08.jpg

8. Проѕевање

Ова е знак дека дека кучето е нервозно или иритирано. Тоа е честа појава која може да се забележи кај малечките кучиња кога ќе се најдат во друштво на повозрасни. Но, ако кучето се проѕева кога е со сопственикот, тоа значи дека е многу приврзано за него.

znaci-koi-vi-gi-dava-vaseto-kuce-i-nivno-znacenje-09.jpg

9. Лижење на носот

Кучето се однесува така кога е под стрес, притисок или мисли дека е во опасност.

znaci-koi-vi-gi-dava-vaseto-kuce-i-nivno-znacenje-10.jpg

10. Ги покажува забите, но не ’ржи

Тоа само ја штити својата територија и им покажува на „натрапниците“ што е негово.

znaci-koi-vi-gi-dava-vaseto-kuce-i-nivno-znacenje-11.jpg

11. Лежи на грб со стомак свртен нагоре

Кучето покажува доверба кон вас и очекува да го пофалите за тоа.

znaci-koi-vi-gi-dava-vaseto-kuce-i-nivno-znacenje-12.jpg

12. Ја става главата на коленото на сопственикот

Кучињата на овој начин привлекуваат внимание и ви покажуваат дека сте им потребни. Можете да ги погалите и да им покажете внимание.

znaci-koi-vi-gi-dava-vaseto-kuce-i-nivno-znacenje-13.jpg

13. Ја става шепата на коленото на сопственикот

Ако овој гест е извршен демонстративно од страна на кучето, тоа значи дека кучето сака да доминира. Тренерите препорачуваат одвреме-навреме да го погледнете кучето во очи и да му ја тргнете шепата.

znaci-koi-vi-gi-dava-vaseto-kuce-i-nivno-znacenje-14.jpg

14. Ја крева предната шепа

При ваквата положба, кучето изразува некакво барање. Можеби е гладно или сака да си игра. Понекогаш кучињата, особено ловечките, го прават тоа штом забележат нешто интересно.

znaci-koi-vi-gi-dava-vaseto-kuce-i-nivno-znacenje-15.jpg

15. Се врти кон вас со грб

На овој начин вашиот крзнен пријател ви покажува дека ви верува.

znaci-koi-vi-gi-dava-vaseto-kuce-i-nivno-znacenje-16.jpg

16. Тресење

Тресењето е еден од начините на кој кучето се ослободува од стресот.

znaci-koi-vi-gi-dava-vaseto-kuce-i-nivno-znacenje-17.jpg

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Чување риба во кугла: Кои видови да ги избегнувате и на што да обрнете внимание? Куглата е одлично решение ако сакате да чувате риба, но немате простор или средс...
Совети за нови родители со кучиња: Што да направите кога ќе добиете бебе? Ако пак мислите дека кучето ќе има пократки и поретки прошетки откако ќе пристиг...
Што да правите ако кучето ви уништува сè низ домот? Купете му играчки што може да ги гризе и смирено одвлечете му го вниманието кога...
Однесувања со кои кучето ви кажува дека ве сака (а обично не ги забележувате) Сака да се гали откако ќе се најаде и можеби најочигледниот знак – скока радосно...
Дритон од Скопје чува шкотска мачка: „Оби е многу кроток, но не сака луѓето да го задеваат“ „Оби е шкотска раса и има 6 години. Го донесов од Софија, Република Бугарија и о...
Кои раси на кучиња најчесто добиваат топлотен удар, според ветеринар? Расите со сплескана муцка како мопс потешко се разладуваат, па поради ова се пос...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg