12 совети како да го заштитите миленикот од топлотен удар
Жешките летни денови се посебно опасни за нашите миленици кои немаат така совршена терморегулација како што имаме ние и лесно можат да доживеат топлотен удар.
За да го спречите тоа, потребно е да имате на ум неколку важни работи:
1. Никогаш не го оставајте миленикот во затворен автомобил.
2. На најжешките денови не излегувајте надвор со миленикот, нека седи дома. Во тој период најдобро е да шетате рано наутро кога е посвежо и доцна навечер кога повторно барем малку, заладува.
3. Миленикот секогаш мора да има свежа вода. Како и нас, така и милениците мораат да имаат вода за полесно да се разладуваат.
4. Мерете ја неговата телесна температура. Ако се сомневате дека миленикот има повисока температура и не може да се разлади, измерете му ја температурата и ако воспоставите дека навистина има повисока температура, обидете се да му помогнете да се разлади. Температурата над 40.5 степени може да биде знак за термален шок.
Кои се симптомите на топлотен удар?
1. Забрзано и кратко дишење, екстремно лигавење
2. Црвени и суви непца
3. Летаргија и слаба координираност
Како да му помогнете на миленикот при топлотен удар?
1. Преместете го миленикот на поладно место
2. Дадете му студена вода, но не премногу студена, бидејќи тоа може да има спротивен ефект.
3. Ладен туш исто така, може да помогне
4. Фрлете намокрена крпа на миленикот, тоа може да помогне
5. Контактирајте го ветеринарот, ако забележувате дека и понатаму не можете сами да му помогнете на миленикот.
Н. Г. | Црнобело