Првиот супермаркет кој од жал за кучињата да не чекаат врзани, смислил посебни колички за нив
Еден сопственик на супермаркет знае дека милениците се како дел од семејството, па на своите потрошувачи им овозможил слободно да влегуваат и да пазаруваат со нив.
Во неговиот супермаркет можете слободно да влезете со миленикот, па дури и имате количка во која можете да го возите.
Жанфранко Галантини, сопственикот на супермаркетот „Unes“ во Милано, вели дека дошол до оваа идеја откако забележал дека секојдневно барем едно куче чека само пред влезот на супермаркетот.
Токму поради тоа, нарачал специјални колички кои имаат посебен дел за малите раси на кучиња сопствениците слободно да можат да ги шетаат низ супермаркетот и заедно со нив да пазаруваат.
Н. Г. | Црнобело