Запознајте го најстариот мачор во светот - Има 26 години
Сомотски е најстариот мачор во светот. Има 26 години, односно 121 година по мачкини години. Тој воопшто не се однесува како стар мачор и поголемиот дел од времето го поминува надвор.
Знае дека е посебен, затоа што добива многу внимание од своите семејството кое се грижи за него, а самиот тој како што објаснуваат сопствениците е прекрасен придружник.
И покрај неговата возраст, Сомотски е немирен „пензионер“ и запишан е во Гинисовата книга на рекорди како најстариот мачор кој сè уште живее.
Тој бил посвоен од стационар кога неговата сопственичка имала само 6 години, а сега таа има 33 години.
Иако е на посебна диета со ниска количина на протеини, сепак го пуштаат надвор да се шета и да лови.
„Мислам дека клучот на неговата долговечност лежи во фактот што постојано му дозволуваме да шета надвор“ – објаснува сопственичката Рид.
„Тој е во состојба да се брани и да сè уште вежба, не само физички, туку и умствено со лов. Лови животинки, но не е така добар како што беше порано“ – додава Рид.
Најстариот мачор во светот сè уште живее и се однесува како младо маче. Сака да скока на маси и тоа го прави без проблем. Дури и ја буди својата сопственичка во 5 часот наутро.
Но, и покрај тоа, сака и да се одмора и релаксира на сонце со повремени дремки.
Н. Г. | Црнобело