Што значи положбата во која спие вашето куче?
Ако постои една работа која секој добар сопственик на куче треба да ја знае, тоа е сложената личност на неговиот миленик.
Веќе знаеме дека постојат многу специфични начини на кои нашите кучиња ни покажуваат љубов, но постојат и дополнителни физички знаци со помош на кои можеме да ја истражиме личноста и навиките на нашиот миленик.
Начинот на спиење е еден од совршените показатели за тоа.
Доволно е само да го набљудувате вашето куче некое време и да видите во која положба најчесто спие.
На страна
Многу кучиња сакаат да спијат на страна, што претставува позиција на мирување и одморање. Ако вашиот миленик често спие вака, тоа значи дека се чувствува удобно и пријатно во неговото опкружување. Кучето кое спие во ова положба ќе ви биде многу лојално.
Стуткано
Оваа положба е веројатно најчеста меѓу кучињата. Нивните шепи се удобно вовлечени, додека крајот на опашот им го допира лицето.
На овој начин вашиот миленик ја одржува телесната топлина и ги штити своите екстремитети, лице, врат и останатите витални органи. Кучињата кои спијат во оваа положба се многу нежни.
Положба „Супермен“
Многу кучиња спијат на стомак, но на овој начин тие се многу впечатливи. Сите четири нозе им се испружени, па изгледаат како да летаат. Од оваа позиција им е многу лесно да се поткренат штом ги повикате или штом се разбудат.
„Луди нозе“
Иако оваа положба изгледа по малку чудна, нема никаква причина за загриженост. Тоа само значи дека вашиот милен се чувствува сигурно и безбедно во вашиот и негов дом. Кучињата кои спијат вака се обично многу опуштени.
На стомак
Кучето кое спие во ова положба не е толку многу опуштено, бидејќи мускулите му се премногу затегнати за да може да заспие. Не грижете се, тоа не значи дека вашиот миленик не е опуштен и во реалниот живот.
Овие кучиња се всушност поенергични и поголеми авантуристи од другите. Кучињата кои спијат на овој начин обично се нежни, но и по малку срамежливи.
Испружен
Многу кучиња кои спијат во домашни услови ја заземаат оваа положба. Кучињата лежат во оваа положба за да можат што побрзо да се изладат и опуштат. Обично, кучињата кои потрошиле многу енергија во текот на денот, спијат на грб.
Покрај тоа, тие се чувствуваат среќно, безгрижно и опуштено. Кучињата кои спијат на овој начин се многу сигурни во себе, а исто така имаат и тенденција да бидат многу приспособливи на различни нови ситуации.
М. С. | Црнобело