Имам со големо срце ги отвора портите на џамија во Истанбул за да ги стопли бездомните мачки
Добрината на луѓето не бара многу, а сепак може да спаси нечиј живот. И како што во Атина има кафуле кое секоја вечер ги отвора вратите за бездомните кучиња така, во Истанбул има џамија која ги отвора портите за уличните мачиња.
Во Истанбул, Турција постои џамија во која луѓето се молат покрај мачки. Имамот Мустафа Ефе од џамијата Азиз Махмуд Хадеја ги пушта внатре сите бездомни мачки.
Овој Имам не сака мачките да премрзнуваат на студот и сака да им биде топло во текот на целата зима.
Ефе прави неговите гости да се чувствуваат како дома, безбедно. Толку безбедно, што една мачка дури и се породила и тука ги чува своите мачиња.
Sevimli Misafirlerimiz Ayaklandı...
-->Posted by Mustafa Efe on Monday, May 4, 2015
Н. Г. | Црнобело