Бигл борда заедно со своите сопственици (фото)
Биглот Ели е најсреќен додека е на ски патеките. Во последната година, овој 7-годинишен бигл борда на локални ски патеки во Копаоник, Србија.
Нејзините сопственици кои се големи љубители на снегот и зимските спортови на почетокот им било жал да ја оставаат Ели дома додека тие оделе на зимски одмор.
Едно од омилените работи во светот на Ели е снегот, таа обожавала да трча во длабок снег и да нурка во него со главата, па оваа идеја со бордањето им дошла случајно.
Возбуденоста која Ели ја покажала додека трчала по падините по нив била неверојатна. Откако ќе се измори влегува во ранецот и на тој начин ужива во спуштањето по планината.
„Во зима заедно бордаме, на пролет возиме велосипеди по планината, а во лето кајакариме,“ велат сопствениците на Ели.
М. С. | Црнобело