Непознато куче ги следело 700 километри, а на крајот од трката си добило нов дом
Едно улично куче, кое го именувале како Артур, цели 6 дена следело еден тим, дури и во најтешките улови од трката.
Кучето Артур било обично куче скитник, сè додека не станало дел од Светското првенство во авантуристичката трка низ прашумите на Еквадор. На крајот добило многу повеќе од само освоена трка – свој дом и многу љубов и внимание.
Еден од учесниците на трката, Мајк Линдорд забележал како ги следи едно куче и гладно ги гледа додека тие јадат. Се сожалил и му дал парче месо.
Продолжиле понатаму, а заедно со нив и кучето.
Неуморно ги следело цели 692km низ сите фази од трката и не ги напуштило дури и во најтешките услови.
Еден од членовите на тимот дехидрирал, а Артур неуморно го чувал.
Стигнале до оној дел од трката кога морале да преминат река со кајак, но биле предупредени дека не можат со себе да го земат и Артур. Забележале дека дури и тогаш тој не се откажал, пливал во ладната вода по нив.
Решиле да го качат на кајакот и наместо со 5 членови, пристигнале како 6-член тим.
Мајк решил да го земе во Шведска и да го вдоми: