Рони и Феникс во епизодата изгубено - пронајдено (видео)
Има ли нешто поубаво од моментот кога после 18 месеци повторно ќе ви се сретнат патиштата со најмилиот пријател? Таква е приказната на семејството Хумбер и нивното милениче, мачорот Феникс.
Феникс, стар 10 десет години, исчезнал од нивниот дом пред 18 месеци, а сите вложени напори за негово наоѓање биле неуспешни.
Оној кој најмногу тагувал по него, бил 5-годишниот Рони кој не можел да се помири со загубата на својот најдобар пријател.
Не успевајќи да го пронајде Феникс, семејството решило да посвои друго маче, но во прифатилиштето за животни ги чекало вистинско изненадување.
Малечкиот Рони гледајќи по кафезите со изгубени и незгрижени мачиња го здогледал својот стар пријател, мачорот Феникс.
Момченцето не можело да ги задржи солзите радувајќи се на повторната средба.
Откако вработените во прифатилиштето се увериле дека Феникс е мачорот кој семејството го чувало, на голема радост на Рони им дозволиле повторно да го однесат во нивниот дом.
Насмевката на лицето на Рони кажува сè.
М. С. | Црнобело