7 видови на животни кои светот би можел да ги изгуби до крајот на годинава
„Прекумерниот лов и риболов ги уништува дивите животни и растенијата и го остава живиот свет опустошен.“ - велат морските еколози при Светскиот конзервациски мониторен центар во Кембриџ.
Проблемот е во тоа што влошувањата допрва не очекуваат, поради големите климатски промени и овие што се заштитени се под закана.
Кои животни ќе ги изгуби светов до крајов на годинава? Безброј суштества, но овие 7 видови со сигурност ќе исчезнат:
Вакуита китот
Од овој редок вид на кит кој е пронајден во горниот дел на заливот на Калифорнија се останати уште 100 такви.
Јангци китот
Некои ги нарекуваат голема водена Панда, но тие се најпознатите речни суштества. Прекумерниот риболов придонесе тие да останат без храна и секако, загадувањето игра голем фактор во нивното изумирање. Најверојатно се останати уште 1.000 од овој вид.
Сибирски тигар
Исто така се нарекувани и „Амур тигри“ – тие се најголемите диви мачки. Од нивниот вид се останати уште околу 450 животни. Иако се ставени во заштитена зона сепак ловците ги истребуваат и потоа нивното крзно и кожа ги продаваат по висока цена на пазарот.
„Leatherback“ морски желки
Тие се најголемите морски желки кои го имаат најголемиот миграциски пат. Во последниве години, популацијата на овие желки значително се намали поради прекумерното ловење на овој вид и крадењето на нивните јајца.
Големиот Бамбу лемур
Потекнуваат од југоисточниот дел на Мадагаскар и токму овој вид е најзагрозен од сите лемури на островот. Се верува дека постојат уште 60 Бамбу лемури. Сечењето на Бамбусите, климатските промени, ловот се главни виновници за нивното исчезнување.
Планинска горила
Живеат во Уганда, Конго и Раунда предели каде и луѓето немаат стабилни животи. Па нивното изумирање се должи на ловокрадството, уништувањето на природните живеалишта, производството на јаглен и човечкиот конфликт. Сега 880 планински горили се борат за опстанок. Вооружени патроли минуваат низ шумите за го зачуваат овој вид.
Леопардот Амур
Овој вид можеби и е на врвот на листата на загрозени животни. Ова е најредок тип на дива мачка во светот. Има уште триесетина вакви и нивното истребување се должи на неконтролираниот лов и недостатокот на храна. Не се останати доволно леопарди за да се спаси нивниот вид.