Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Дневна доза љубов: Слонче после 3 години се среќава со својата мајка (видео)

7-годишниот слон МеБаи и нејзината мајка се немале видено повеќе од три години, но тоа воопшто не било важно кога нивните погледи се сретнале уште еднаш. Нивната врска јасно се забележува и во видеото кое ја снима нивната средба по толку години.

kakva-e-reakcijata-na-slon-koj-po-3-godini-se-srekjava-so-svojata-majka-01.jpg

Зад ова видео стои темна и непријатна приказна.

МеБаи од неодамна е спасена од нејзиниот живот како роб за туристичката индустрија во Тајланд каде таа со часови била принудена да носи туристи на својот грб.

Слоновите како МеБаи уште како мали се одвоени од нивните мајки и се принудени да маршираат со тешки туристи на грбот уште пред да се доволно силни за да можат да го зидржат товарот.

Тие со години не добиваат доволно храна, работат многу часови и имаат тешка и напорна задача, но нивната ситуација веројатно е далеку подобра од онаа на слоновите кои се наоѓаат во зоолошките, далеку од својот дом.

Тие трпат сосема поинаков вид на тортура каде со години остануваат да живеат сами.

И покрај тажните приказни кои ги доживуваат голем број на слонови, постои и онаа како на МеБаи која сега повторно е со својата мајка.

Погледнете ја нивната неверојатна средба по 3 години:

Би можело да ве интересира:

Бенгалски тигар, нилски коњ - Кои се најсмртоносните цицачи на Земјата? Некои цицачи имаат неверојатна сила и моќ, а човечката средба со нив може да бид...
Позитива на денот: Мечка влезе во ресторан и си седна на маса да јаде (видео) „Додека ручавме, мечка реши да се прекачи преку оградата и се послужи со остатоц...
Најмалите животни во светот – некои се долги само 2 сантиметри Најмалиот водоземец е жаба долга само 1cm. Дознајте кои се најмалиот цицач, најм...
Однесувања со кои кучето ви кажува дека ве сака (а обично не ги забележувате) Сака да се гали откако ќе се најаде и можеби најочигледниот знак – скока радосно...
Позитива на денот: Фото-докази дека и животните се грижливи родители Мачка која ги прегрнува своите малечки додека спие, куче кое се радува на новоро...
Тажен ден во Скопје ЗОО - Од канцер почина јагуарката Инес „Инес во длабока старост не ја издржа битката со најлошата болест - денеска нè н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg