5 духовни лекции кои можете да ги научите од вашето куче

Има многу работи кои ние луѓето треба да ги научиме од кучињата. Набљудувајте ги одредено време и ќе забележите многу работи што ние луѓето сме ги заборавиле да ги практикуваме со текот на годините.

5-duhovni-lekcii-koi-mozhete-da-gi-nauchite-od-vasheto-kuche-01.jpg

Еве 5 лекции кои вашето куче секојдневно ви ги предава, а вие никако да ги научите.


Галете го вашето милениче

Милувајте го вашето куче затоа што милувањето го намалува стресот, го намалува крвниот притисок, дури може и да ја подобри меморијата. Тоа ве релаксира и ви го поправа расположението.


„Сега“ е единствената временска одредница

Кучињата не го мерат времето за нив постои единствено „СЕГА“. Тие гледаат што се случува околу нив, си играат, истражуваат или одмараат. Тоа треба и ние луѓето да го применуваме, да истражуваме за нешто што не интересира и да го бараме она што не инспирира, ако не да се релаксираме.


Едноставниот живот е сосема во ред

Ако знаете да се радувате на малите нешто тогаш вие сте вистински среќни. Погледнете ги кучињата – Ако се наспани, најадени и прошетани тие се среќни. За среќа навистина малку е потребно.


Никој не е совршен

Ниту кучињата не се совршени. Некои се мали, некои преголеми, некои дебели, некои ‘рчат, некои се мрзливи – исто како нас луѓето. Но, мааните за нив не претставуваат проблем. Тоа е уште една причина зошто ние треба да учиме од кучињата.


Играјте си, играјте си, играјте си!

Кучињата си играат цело време. Луѓето тоа не го прават затоа што се презафатени од сериозниот живот, но само кога би можеле луѓето само да сфатат дека озбилниот живот преку игра би бил многу позабавен и помалку стресен. Сфатете дека треба да научите од кучињата дека животот е игра!

Би можело да ве интересира:

Животни кои ги јадат своите машки партнери (па дури и своите малечки) За да преживеат, женките скорпии може да ги изедат своите машки партнери откако ...
Кои раси на кучиња најчесто добиваат топлотен удар, според ветеринар? Расите со сплескана муцка како мопс потешко се разладуваат, па поради ова се пос...
Раси на кучиња кои можат да бидат погодни за луѓе со алергии Секое куче може да предизвика симптоми на алергија, но постојат раси чие крзно н...
Што да правите ако кучето ви уништува сè низ домот? Купете му играчки што може да ги гризе и смирено одвлечете му го вниманието кога...
Дритон од Скопје чува шкотска мачка: „Оби е многу кроток, но не сака луѓето да го задеваат“ „Оби е шкотска раса и има 6 години. Го донесов од Софија, Република Бугарија и о...
Совети за нови родители со кучиња: Што да направите кога ќе добиете бебе? Ако пак мислите дека кучето ќе има пократки и поретки прошетки откако ќе пристиг...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg