Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


7 начини на кои можете да им помогнете на кучињата во стационарите, ако не можете да ги вдомите

Кога се зборува за спасување на кучињата од стационарите, многумина мислат дека единствен начин на кој може да им помогнат е вдомувањето. Но, дури и да немате можности да вдомите - не се откажувајте.

7-nacini-na-koi-mozete-da-im-pomognete-na-kucinjata-vo-stacionarite-ako-ne-mozete-da-gi-vdomite-01.jpg

Постојат најмалку 7 начини на кои можете да им помогнете додека не си го најдат сопственикот:

1. Транспорт

Животните кои се во стационарите често пати остануваат таму многу подолго отколку што треба, само заради тоа што луѓето живеат предалеку. Тажно е и сурово, но тоа е вистината. Затоа кога и да сте во можност, понудете се да „префрлите“ некое кутре до друг град кое има потенцијал да си го пронајде домот.


2. Знаете да шиете?

Сошијте неколку креветчиња за кучиња или мачки. Доволни ви се стари материјали, облека неколку картони за да направите топол кревет.


3. Фотографирајте ги

Без разлика дали сте професионалец или аматер, на кучињата им се потребни добри фотографии за да се вдомат. Земете го фотоапаратот, сликајте ги колку повеќе можете и прикачете ги на социјалните мрежи. Никогаш не знаете кој ќе доживее „љубов на прв поглед“.


4. Постелнина

Донирајте ги пешкирите, чаршавите и старите душеци и перници, тие секогаш им се потребни.


5. Организирајте забава

Или ако веќе приредувате журка, направете ја од хуманитарен карактер. Секој нека донесе храна или нешто што мисли дека е неопходно. Потоа вие довршете ја работата.


6. Социјални мрежи

Користете ги социјалните мрежи за да ги споделите информациите. Споделете слики или едноставни пораки со кои ќе известите на колку кутриња им е потребно вдомување. Ништо не губите.


7. Бидете старател, барем привремено

Згрижете го кутрето кое постојано ви лежи пред врата или мачето кое секое утро мјаука затоа што е само. Избањајте го, наранете го и направете неколку фотографии. Пружете му дом на некоја недела и додека активно му барате сопственик, бидете му барем старател.

Би можело да ве интересира:

Кучињата растат пребрзо: Забавни пред и потоа споредби од миленици Дали и вие некогаш сте имале искуство да земете мало слатко кученце, кое потоа з...
Предмети за мачки и кучиња на кои повеќето штедат, но не треба Гребалка за мачка и преносен сад за вода за топлите летни денови – кои предмети ...
Што да правите ако кучето ви уништува сè низ домот? Купете му играчки што може да ги гризе и смирено одвлечете му го вниманието кога...
Како да познаете дали вашето куче има болви (и како да се ослободите од нив)? Најбрзо решение се средствата против болви, но ако не станува збор за сериозен п...
Однесувања со кои кучето ви кажува дека ве сака (а обично не ги забележувате) Сака да се гали откако ќе се најаде и можеби најочигледниот знак – скока радосно...
Им треба простор, пренесуваат салмонела – Што треба да знаете за желките како миленици? Токму поради тоа што може да пренесат салмонела, не ја гушкајте или бакнувајте в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg